Најголемата иронија во мојот живот е што знам да дадам прогноза и лек за многу болести, но никако не можам да најдам лек за мојата.
Што цел живот давам совети за љубов и поправам врски, а пак сум форевер алоун.
Што цел живот давам пари на облека и пак немам што да облечам.
Што цел живот сум рамо за плачење а немам кај кого да се исплачам.
Цел мој универзум и постоење е една голема иронија.
И најголемата вистина на постоењето - Ignorance is bliss. Некогаш посакувам најголема грижа да ми беше утре дали патецот на косата на лево или на десно да го наместам, како на 90% од популацијата кои се моја генерација.