Моментално читам...

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Новела за сонот од Артур Шницлер по неа е правен филмот Очи широко затворени од Стенли Кјубрик
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
пред некој ден ја добив на поклон МОСКВА НА СОЛЗИТЕ НЕ ИМ ВЕРУВА- Валентин Черних
поим немам каква ке биде ама,од денес почнувам да ја читам :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Шепнувачот од Донато Каризи,трилер книга,најдени се на некоја полјана закопани шест детски пресечени раце и детективите треба да го испитаат случајот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and elizabetta

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Победникот е сам - Пауло Коелјо
so far, so good...
Ги имам скоро сите книги на Коелјо прочитано и ,,победникот останува сам,, беше некако досадна,како ти се допаѓа тебе,
Алеф е поинтересна...а најновата се уште ја немам прочитано...
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Ги имам скоро сите книги на Коелјо прочитано и ,,победникот останува сам,, беше некако досадна,како ти се допаѓа тебе,
Алеф е поинтересна...а најновата се уште ја немам прочитано...
Ако навистина најде во овој писател нешто добро секоја ти чест ги жалам дрвата што ги сечеле да ги печатат неговите книги
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ако навистина најде во овој писател нешто добро секоја ти чест ги жалам дрвата што ги сечеле да ги печатат неговите книги
Алхемичарот,Захирот,,11 Минути ми се допаѓаат ама во последно време со новите книги како да се врти во круг со пораките кои сака да ги каже...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
City of thieves - David Benioff.
Нацистичка опсада врз Ленинград. Тоа значи дека нема никаков дотур на храна, се јаде се` што е преостанато, вклучувајќи гулаби, мачки, кучиња. Една вечер по падот на еден германски пилот, група млади се обидува да го ограби (да не речам соголи) земајќи ја целата негова сопственост. По таа операција ГАЗ (претходници на КГБ) ги пронаоѓаат и гонењето започнува. Да напоменам за секоја кражба следувало стрелање - затворите се преполни со заробеници, а храната е само мисловна именка. Го фаќаат него и го стрпуваат во апсаана. Поради милостивиот шеф на полиција, му даваат задача на типов во некаков временски рок да набави дузина јајца. Во спротивно...

Сеуште сум на почетоко но по тоа дека ми е препорачан од луѓе кои знаат што сакам, како и интересниот и помалку чудниот хумор, се надевам дека ова ветува интересен роман, полн со авантура.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Luckky

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Ги имам скоро сите книги на Коелјо прочитано и ,,победникот останува сам,, беше некако досадна,како ти се допаѓа тебе,
Алеф е поинтересна...а најновата се уште ја немам прочитано...
Не сум некој фан на Коелјо, ги имам прочитано само „Вештицата од Портобело“ и „Алхемичарот“. Оваа првата ми беше интересна и ми се допадна начинот на кој е напишана, тоа што ги изнаса работите како што се, без да ги критикува. Во Алхемичарот почна да гњави со филозофии и фантастични работи и се бев одкажала од него.
„Победникот е сам“ ми ја препорачаа за да си го поправам мислењето и книгата ептен ми се свиѓа. Светот на филмот од секогаш ми бил интересен, а оние чудни (не)тактички уништувања на светови и борбата за успех во кариерата се доста примамливи на главните ликови. Ми се допаѓаат и карактерите на ликовите.

Моментално ја читам и „Процес“ - Франц Кафка.
Хмм, нешто не ме фасцинира оваа книга за апсурдот, малку е збркана и нецелосно обработена, има доста недовршени глави.