Моментално читам...

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Пиши ми после како обожавател на Орвел една кратка рецензија :))

Кратка? Ќе се обидам да биде кратка. :giggle

Станува збор за општество во кое забрането е да се поседуваат и читаат книги. Поради тоа, пожарникарите се тие кои откриваат луѓе имаат книги, доаѓаат во нивниот дом, ги наоѓаат книгите и потоа ги ставаат на купче и ги запалуваат. Насловот е всушност степенот на температурата на кој хартијата се запалува. Главниот лик е еден пожарникар Монтаг, кој никогаш не размислувал зошто општеството е такво какво што е, се додека една вечер (така започнува книгата), кога ќе запознае една 17 годишна девојка, која живее во соседната куќа. Таа е многу енергична и весела и постојано му поставува прашања, од типот, зошто е забрането да се читаат книги, зошто пожарникарите ги палат, и најважно од се, дали е тој среќен. После запознавањето на оваа девојка, Монтаг ќе почне да размислува за нејзините прашања.

Откако ќе разговара со неа, тој ќе влезе дома и ќе ја најде жена му предозирана со апчиња. Тој нема да забележи најпрво, бидејќи таа секогаш лежи на креветот со служалки во ушите. Тој ќе сфати од како со ногата случајно ќе удри во празното шишенце. Се на се, жена му постојано седи дома, гледа серии на 3 огромни телевизори и пие апчиња. Понатаму во книгата, Монтаг кога ќе ја праша кога тие прв пат се запознале и каде, таа нема да се сеќава. Тогаш тој ќе сфати дека нема да му биде жал и тешко доколку таа умре, и поради таквото сфаќање ќе почне да плаче.

Еден ден, на работа ќе добијат задача да идат кај една постара жена да запалат книги. Таму тој ќе најде голема збирка и барајќи ја случајно ќе прочита реченица од една книга. Поради тоа, тој ќе ја земе и ќе ја пикне под јакната. Пожарникарите нема да успеаат да ја отргнат жената и таа ќе остане да гледа. Тие ќе ги земат книгите и ќе ги посипаат со керозин и во тој момент жената ќе извади чкорче и ќе ги запали но и заедно таа со се нив.

По оваа случка, Монтаг сфаќа дека нешто не е во ред со општеството. Тој ќе ја извади книгата пред жена му и нејзини пријателики и ќе почне да ја чита на глас. Жена му ќе излаже дека пожарникарите носат книга дома еднаш годишно за да се исмеаваат на литературата. Откако ќе запре со читање, едната пријателка ќе почне да плаче, а другата ќе се изнервира и ќе го прекине пријателството со жената на Монтаг, Милдред.

Да скратам малку, жена му ќе го пријави дека има книга. Еден ден на работа добиваат задача и кога пристигаат на местото, всушност е куќата на Монтаг. Тој ја врши работата, ја пали цела куќа. Во меѓувреме тој разговара со стар пријател Фабер кој го учи колку е важна литературата. Откако Монтаг ќе ја изгори куќата, неговиот шеф ќе дознае за Фабер и ќе сака да го најде и уапси, но Монтаг бидејќи не сака да дозволи, ќе се сврти кон шефот и ќе го запали. Од тука, Монтаг бега кај Фабер, кој го носи надвор од градот кај една група луѓе кои се љубители на книги. Таму запознава луѓе кои запомниле цели книги, односно секој од нив по една книга, поради тоа што чекаат општеството повторно да ги открие.

Започнува војна во градот, која одеднаш завршува. И групата заминува во градот за да го обноват општеството.

Не е голема книгата и брзо се чита. Исто така, има и филм, направен во 1966. Но книгата е многу подобра. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Note to all Зафонофци.
Ако имате денар поише земете ја на српски неговата најнова - Заточеник небеса. Македонскиот превод руши филм до даска, има луѓе кои ги познавам, следачи на неговото пишано дело и лик, за да останале тотално разочарани од третиот дел, баш поради лошиот превод. Јас ја имам читано на српски - не е ич тешка за сфаќање, а има толку скриени мисли, посебно начинот на кој што самиот Зафон пишува, стилот се солидно сочувани во преводот.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Пеколен портокал - Ентони Бурџис

(офф: или па еднаш ја кога си кажав: Портокален пекол :D )

И читав и една Нордиски приказни претходно, ама моментално не е во мене книгата и не можам да си ја дочитам.
И да, добро романче онака ко за читкање, а да не се толку замараш, би ја препорачала Шарлот Бронте - Џејн Ер :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Мојот личен ФБИ Агент - Џули Џејмс.... значи какви (sexy) сцени ќе си правите во глава читајќи ја ммммммм....