БМВ со затемнети стакла, зад воланот едно створење со брадиште, до него ист примерок малку додуша послаб..Локација: Пред еден од фамозните студентски домови. Идат три гуски стокмени ко за пред МТВ и влагаат, типов ја старта машината, сите да се завртат, немој не го забележаа пред тоа. Али он за сваки случај, да се осигура, да обележи територија како кучињата кога замочуваат по дрвјата. А тие лепојките се надувале, па фаци се више нема шала у БМВ и тоа скупско шо би рекол Џамбазов. Е тие таквите ко овие три најубаво ке си поминат во животот или ке завршат во брак со некој бизнисмен и ке си го осигураат животот за увек или па ако си одберат другата опција соло со повеќе пријатели од бизнисмен класата, патувања, скапа гардероба итн. Е сега ако ептен не ги бива може и ке пропаднат, ама не бе ретки се тие. А од другата страна се оние кои стрикно се движат во триаголникот соба, менза, читална и по некоја пијанка со добро одбрано друштво, со мака ќе си завршат факултет, ке бараат работа со години, додека нивните погоре споменати комшивки веќе имаат долгогодишен работен стаж. Ова одамна го знаев сега ми се потврди пред очи по кој знае кој пат... Секаде има некој кој двои од толпата зависи на кој начин ке си избере...не се сите провинцијалци исти, не се сите Скопјани исти, не се сите жени исти, не се сите мажи исти...како што обично се вели... Бај д веј Кисела вода треба да се прекрсти во Матна вода!