Добро утро..
После толку денови пак седнав да го испијам првото кафе со форумов.
Насекаде изнапишани реченици како никој за ништо и од никого не се замара.
Еден куп колумни и коментари на истите околу тоа кој каков е,колку и дали се замара.
Па дури и молби за психонализи а уствари"не се замараме"кој што мисли за нас.
Ааа,да,да не заборавам,па дури има и тема дали ни е битно кој од форумот што мисли за нас.И таму сме активни.
Не,не велам дека не треба да се замараме кој што мисли за нас,ниту пак да се замараме....едноставно само сакав да си ја испошкртам низ темава оваа мисла...Никој за ништо не се замара само е активен по темите прашувајки кој што мисли за него. На ваков или онаков начин.
Пријатен ден на всичките