Атеизам (генерална дискусија)

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Еден паметен Цезар еднаш рекол:Раздели па владеј.
И би религија.
Ако се случи Трета Светска Војна,таа ќе биде на религиска основа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saturnia and ThyInfernium

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Верата за мене е нешто како љубовта, како надежта и како секое чувство кое не можеме да го видиме но го чувствуваме. Верувам во Господ не затоа што моето семејство години наназад се верници кои далеку од тоа дека се нељубопитни, неслободоуми, слепи следбеници на религија затворени во мозокот (како што би ги нарекле атеистите) . Не можам сега да објаснувам зошто верувам затоа што сум ја водела истава дискусија едно 23463287462874 пати со атеисти или најчесто луѓе кои некое движење на кое се придржуваат ги натерало на еден начин да бидат неверници (Демек не би биле кул) и знам точно каде би завршил разговоров. Ниту јас можам некого да убедам, а сигурно и мене никој не може да ме убеди во спротивното. Не барам доказ да ми каже ете постојам и ајде верувај сега во мене, едноставно многу работи во животов ми го потврдиле мислењето дека некоја сила постои.
Штета голема е што најчесто луѓето треба да го видат ѓаволот и да искусат зло, пред да почнат да веруваат во доброто.
Ако сте добри луѓе, со добри мисли, убави чувства, не правите зло, мислите на убаво утре, и се залагате за убава иднина за луѓето после нас...тогаш не ми е важно искрено дали верувате или не, затоа што има верници кои го користат името ГОСПОД за да направат многу лоши работи, што фајде тогаш од нивнат т.н. ВЕРА.
На крајот од денот најважно е да сме само уште еден Добар Човек, кој и те како прави разлика во светот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Oleri
Знаеш како им одговарам јас на неверниците? Тие што не веруваат во постоењето на Бог?
Оддамна го прочитав ова и нон стоп им го повторувам на сите: Ако мува ти застане насредина од носот, ќе можеш ли да ја видиш?
Така можеби и Бог е многу блиску до нас па затоа е невидлив.

Всушност на што би се базирал нашиот живот ако немаме нешто во што да веруваме, ако немаме рачка за која ќе се зафатиме ако тонеме во жива кал?
Мене бог секогаш ми бил подршка за се‘. И не ми треба доказ за неговото постоење.
Се‘ додека срцево ми е полно со љубов додека мислам на него, не ми треба доказ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur, Bum-Bum and Oleri

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
1.Зошто невини деца умираат при породување?Зошто Господ не им даде шанса за живот?
2.Како при војните и двете стани му се молат на Бога,а на крајот само една победува?Зарем Господ не им помогнува на сите?
3.Некој е муслиман,а некој христијанин,зошто поради таа разлика постои таа вечна војна помеѓу овие две вери
РЕЛИГИЈАТА Е ИЗВОР НА ПРЕДРАСУДИ!!!
инаку знам верниците ќе нападнат после ова,но секој има право на свое мислење,а тоа е моето...
Ајде сега постепено да ти одговорам на сето ова :
1. Зошто невини деца умираат при породување? Зошто Господ не им даде шанса за живот?
- Ако ти си ја прочитал библијата ќе сфатиш дека нашата религија проповеда рамнотежа во се’. Затоа создал небо и земја. Вода и копно. Ноќ и ден. Така затоа едни се оставени да живеат а други се повикани прерано кон небото.
Но зошто секогаш мора да го барате Бог во вакви случаеви? Каде сте да речете „Бог не’ спаси“ после тешка сообраќајна несреќа каде колата е направена пуздер и сите се мислат како сте излегле живи?
Тоа на што го препишувате? На среќата?
Бог не ги заборава луѓето, бог само прави рамнотежа.
Неможе да постои само добро во светот, мора да има и зло.
2. Како при војните и двете стани му се молат на Бога,а на крајот само една победува?Зарем Господ не им помогнува на сите?
- Зошто на прво место двете страни почнале војна? Нели Бог проповеда мир во светот. Бог не проповеда луѓето да си ги вадат очите едни со други за политички цели. Во војната победува подобриот, и тука нема зошто да го мешаш Бога.
Исто како што нема зошто да го бараш Бог кога одиш во казино. Или кога правиш нешто што би повредило други а би те „збогатило“ тебе.
3. Некој е муслиман,а некој христијанин,зошто поради таа разлика постои таа вечна војна помеѓу овие две вери?
- Да го прочиташ Коранот (тој се чита еднаш од напред потоа се врти од назад и се чита уште еднаш) ќе сфатиш дека и Библијата и Коранот се приближно тука со тоа што сакаат да го кажат и проповедаат.
Тоа што низ историјата и времето постојат луѓе што ја искористуваат можноста и преку религијата манипулираат и доаѓаат до лична добивка нема никаква врска со Бога.
 
ThyInfernium

Полноправен Член
29 август 2012
43
44
18
36

Другар, твојот потпис те убива. Библијата е приказна напишана од човекот и неговите искуства, потреби, влијаниа, желба за моќ... Дали ти имаш видено некое дело, чиј автор е господ, за да навистина поверуваш дека тој постои?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Другар, твојот потпис те убива. Библијата е приказна напишана од човекот и неговите искуства, потреби, влијаниа, желба за моќ... Дали ти имаш видено некое дело, чиј автор е господ, за да навистина поверуваш дека тој постои?
Ако прочепкаш по некои мои други пишувања ќе видиш дека јас Господ го гледам како љубов и чуство на сигурност. Нешто што бодри кога сум слаб со волја.
Исто така ако видиш горе што сум пишал:
Се‘ додека срцево ми е полно со љубов додека мислам на него, не ми треба доказ.
ќе сфатиш дека кога станува збор за Бог не ми треба доказ.

А кога се работи за мојот потпис. Во него го зборувам односот со луѓето, а не со божествата.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Едно прашање од мене, во црквите како е претставено Воскресение Христово?
Третиот ден после смртта, жените малку подоцна од изгрејсонцето отишле во гробот. Требало да носат некои мириси со кои се премачкувало телото на умрените. Тогаш го нашле каменот отворен. Испаничени влегле внатре и не го нашле телото на Исуси.
Подоцна се појавиле мажи во светла облека и проговореле нешто во стилот: Зошто го барате оној кој е жив меѓу мртвите?
 
cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Третиот ден после смртта, жените малку подоцна од изгрејсонцето отишле во гробот. Требало да носат некои мириси со кои се премачкувало телото на умрените. Тогаш го нашле каменот отворен. Испаничени влегле внатре и не го нашле телото на Исуси.
Подоцна се појавиле мажи во светла облека и проговореле нешто во стилот: Зошто го барате оној кој е жив меѓу мртвите?
ова жив меѓу мртвите ми делува на зомби у рајот али нема везе :)
а зошто тогаш не се случе истото во понатамоштните години ??
или еднаш се случува тоа и само тој е господ и никој друг ??
ако одеме според библијата и таквите случувања тогаш гнев е што се раѓаме
според црквата цел живот се чистиме од гревови....брат не дупи
никој неможе да ми застане на патот и да ми каже дека имам грев шо морам да веруам у господ за да се исчистам
човекот ја пишал библијата така
па како а пишале библијата кога не биле писмени тогаш бе ???
или библијата е само некоа прикаска измислена од некој автор
ја така би го нарекол тоа :)