Македонија како крстосница на Балканот со векови била земја низ која поминале многу различни племиња ,народи и освојувачи или опресори ( имало и такви) . Секако дека не е можно да потекнуваат од едни или други, многу народи , многу варијации....ако се враќаме назад и колку можеме да се вратиме 3-4 генерации после нас да речиме , можи не можиме ни толку , можно е да наидеме до различни сознанија. Премногу е елаборирано ова , бидејки некако ние не само што имаме проблем нели однадвор имаме проблем и одвнатре затоа што некако ми се чини дека Македонците многу повеќе се замараат со минатото и кои биле тогаш а ја игнорираат сегашноста (што се сега ) , за иднината да не збориме. Она што го знам и тврдам е дека денес сум Македонка или Македонец син или ќерка на тој и тој и денес живеам и утре ќе живеам тука , ќе зборувам на денешниов јазик и ќе дишам од македонскиот воздух.