Никогаш не сум бил националист.Мислам сум ја сакал земјата во која живеам и народот тука шо е сум го сакал ама никогаш не сум бил националист до тоа ниво да извикувам чиста Македонија а да не мислам на еколошки чиста и да го мразам секој онј кој не е македонец. Исто така и никогаш не сум го разбирал концептот на национализмот. Не можам сеуште да сфатам како човек може да биде горд на нешто кое не го направил по сопствена желба. Пример еве за да го докажам моето тврдење. Дигнете рака сите вие кои сте се родиле како македонци или како албанци или како турци или како што било. Ајде ве чекам. што никој не крева раце? Така и си мислев. Сите вие сте македонци, албанци или пак руси или шо било ило сте христијани, муслимани , будисти или атеисти само зато што сте се родиле на парче земја каде се негуваат таа религија и каде тоа место се вика Македонија или албанија или кина или било како. Ете толку е . Ништо повеќе.
Него друг ми беше муабетот.Искрено во 21 век во време кога сите вести ни се помалку или повеќе на клик од нас, кога било која музика од било кој крај нас светот, од било кое зафрлено место на светот можеме да ја слушаме , да научиме за нашите сличности за културите со кои немаме физички контакт се појавуваат типови како Андреас Брејвик за кој верувам дека сите сте слушнале.
Андреас Брејвик пред неколку месеци изврши терористички напади во Осло и на островот Утоја во кои загинаја 77 лица од кои 69 беа деца на 17-18 години и имаше окулу 240 повредени.
Е тој типот кој онака ладнокрвно како што ги убиваше децата исто така се предаде сам во плиција истиот ден.
После 10 неделно сослушување пред неколу обвинители каде Брејвик го раскажуваше својот живот и како дошол до идеата да ја чисти Норвешка од лошите дечки и како ги убиваше тие 17-18 годишни негативци дојде време за пресудата. СУдиите му ја дадоја најголемата можна казна предвидена во Норвешкото законодавство. Цели 21 година. Да се зачуди човек колку тешка и долга казна добил казна. 21 година за 77 жртви иди нешто како 2-3 месеци по чоек.Неверојатна казна.
И додека некои додека го читаат ова ке речат па што сакаше тоа е максималната казна што може да ја добие да им објаснам дека не пишувам од правен аспект. Така едноставно немам некои големи познавања од областа на правото и непишувам нешто што не го знам и разбирам.Затоа ке пишувам како човек кој е згрозен од тоа колку е ниска и лесна казната.
Пред неколку дена прочитав некаде дека личностите како брејвик заслужувале да се рехабилитираат и добијат втора шанса.. Личности кои цел живот работата на една цел и со еднамислам, мислам многу тешко дека можат да се рехабилитираат во било кои услови. Без разлика дали ке бидат во целосна изолација и единствен пријател ке им биде лаптопот или пак ке бидат сместени во оделенеие каде ке комуницираат со други затвореници идеаата дека тие се ариевска раса и дека се подобри од другите им е веќе засадена длабоко во нивните психопатски умови и многу тешко може да се одстрани.И сите оние кои бараат да му се даде шанса наБрејвик да ги запрашам дали им даде шанса тој на децата кои ги уби?
Настрана од целата психологија на таквите умови како тој на Брејвик за кој се сомневам и дека има нешто во главата не можам да сфатам зошто се прават толку почетнички грешки во овие судски процеси.Брејвик во текот на целот осудење со насмевка на лицето зборуваше како тоа убивал деца само зашто биле муслимани. И не за обвинителите не беше луд,Напротив тој беше сосема нормален како и сите оние луѓе кои чекаат автобус на станица, како оние кои работат на нива или како сите други.И продолжија да го сметаат за нормален кога ос подигната тупаница и насмевка на лицето ја слушна пресудта од смешни 21 година.Им се смееше во лице на судијката и на обвинителите зашто знаеше дека не му можат ништо зашто тој ја исполни својата цел.Успеа да ги разбуди сите ултрадесничари и екстремисти и да стане идол како што беше Хитлер. Успеа во својата намера да ја рашири својата идеја за чиста Европа.Успеа во тоа но сепак најжално е тоа што мораше деца да бидат жртвувани за таа негова психопаткса кауза.Она што најмногу ме зачуди како Норвешките власти дозволиле брејвик да пишува книга во која ке ја објаснел идејат за чиста европа.Нешто како мојата борба на Хитлер. Нешто што ке биде задолжителна литература на сите екстремисти и ултрадесничари.
Е па нека му се на здравје сите години кои ке остане во затвор и се надевам дека ке се најде маж или пак жена кој/а ке гарантира дека кога ке излезе од затвор нема да загинат уште толку деца..
Слава им на жртвите !!