Андреас Брејвик - новиот Хитлер | Црнобело Форум

Андреас Брејвик - новиот Хитлер

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
27
Битола
Никогаш не сум бил националист.Мислам сум ја сакал земјата во која живеам и народот тука шо е сум го сакал ама никогаш не сум бил националист до тоа ниво да извикувам чиста Македонија а да не мислам на еколошки чиста и да го мразам секој онј кој не е македонец. Исто така и никогаш не сум го разбирал концептот на национализмот. Не можам сеуште да сфатам како човек може да биде горд на нешто кое не го направил по сопствена желба. Пример еве за да го докажам моето тврдење. Дигнете рака сите вие кои сте се родиле како македонци или како албанци или како турци или како што било. Ајде ве чекам. што никој не крева раце? Така и си мислев. Сите вие сте македонци, албанци или пак руси или шо било ило сте христијани, муслимани , будисти или атеисти само зато што сте се родиле на парче земја каде се негуваат таа религија и каде тоа место се вика Македонија или албанија или кина или било како. Ете толку е . Ништо повеќе.

Него друг ми беше муабетот.Искрено во 21 век во време кога сите вести ни се помалку или повеќе на клик од нас, кога било која музика од било кој крај нас светот, од било кое зафрлено место на светот можеме да ја слушаме , да научиме за нашите сличности за културите со кои немаме физички контакт се појавуваат типови како Андреас Брејвик за кој верувам дека сите сте слушнале.
Андреас Брејвик пред неколку месеци изврши терористички напади во Осло и на островот Утоја во кои загинаја 77 лица од кои 69 беа деца на 17-18 години и имаше окулу 240 повредени.
Е тој типот кој онака ладнокрвно како што ги убиваше децата исто така се предаде сам во плиција истиот ден.

После 10 неделно сослушување пред неколу обвинители каде Брејвик го раскажуваше својот живот и како дошол до идеата да ја чисти Норвешка од лошите дечки и како ги убиваше тие 17-18 годишни негативци дојде време за пресудата. СУдиите му ја дадоја најголемата можна казна предвидена во Норвешкото законодавство. Цели 21 година. Да се зачуди човек колку тешка и долга казна добил казна. 21 година за 77 жртви иди нешто како 2-3 месеци по чоек.Неверојатна казна.

И додека некои додека го читаат ова ке речат па што сакаше тоа е максималната казна што може да ја добие да им објаснам дека не пишувам од правен аспект. Така едноставно немам некои големи познавања од областа на правото и непишувам нешто што не го знам и разбирам.Затоа ке пишувам како човек кој е згрозен од тоа колку е ниска и лесна казната.

Пред неколку дена прочитав некаде дека личностите како брејвик заслужувале да се рехабилитираат и добијат втора шанса.. Личности кои цел живот работата на една цел и со еднамислам, мислам многу тешко дека можат да се рехабилитираат во било кои услови. Без разлика дали ке бидат во целосна изолација и единствен пријател ке им биде лаптопот или пак ке бидат сместени во оделенеие каде ке комуницираат со други затвореници идеаата дека тие се ариевска раса и дека се подобри од другите им е веќе засадена длабоко во нивните психопатски умови и многу тешко може да се одстрани.И сите оние кои бараат да му се даде шанса наБрејвик да ги запрашам дали им даде шанса тој на децата кои ги уби?

Настрана од целата психологија на таквите умови како тој на Брејвик за кој се сомневам и дека има нешто во главата не можам да сфатам зошто се прават толку почетнички грешки во овие судски процеси.Брејвик во текот на целот осудење со насмевка на лицето зборуваше како тоа убивал деца само зашто биле муслимани. И не за обвинителите не беше луд,Напротив тој беше сосема нормален како и сите оние луѓе кои чекаат автобус на станица, како оние кои работат на нива или како сите други.И продолжија да го сметаат за нормален кога ос подигната тупаница и насмевка на лицето ја слушна пресудта од смешни 21 година.Им се смееше во лице на судијката и на обвинителите зашто знаеше дека не му можат ништо зашто тој ја исполни својата цел.Успеа да ги разбуди сите ултрадесничари и екстремисти и да стане идол како што беше Хитлер. Успеа во својата намера да ја рашири својата идеја за чиста Европа.Успеа во тоа но сепак најжално е тоа што мораше деца да бидат жртвувани за таа негова психопаткса кауза.Она што најмногу ме зачуди како Норвешките власти дозволиле брејвик да пишува книга во која ке ја објаснел идејат за чиста европа.Нешто како мојата борба на Хитлер. Нешто што ке биде задолжителна литература на сите екстремисти и ултрадесничари.

Е па нека му се на здравје сите години кои ке остане во затвор и се надевам дека ке се најде маж или пак жена кој/а ке гарантира дека кога ке излезе од затвор нема да загинат уште толку деца..

Слава им на жртвите !!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Дијана

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,839
6,529
1,153
Градибачалник на Прибој
Така гласи уставот на Норвешка...најстрога, максимална казна за осуденик е 21 година робија. Мислам дека после овие 21, ќе биде осуден и за некои други споредни дела што ќе добие 10 години плус. Иначе сакаа да го направат психолошки пореметен и да го сместат во психијатарска болница доживотно (тоа е возможно и го дозволува) али нацистот е психички здрав.
Не знам дали би оправдал смртна казна во нашава држава. Кога ќе видам во Емиратите за дилање на дрога ги обезглавуваат јавно на плоштад а од друга страна масовен убиец во ЕУ одслужува казна само затвор, не знам што да кажам...
Светов е пореметен, а тоа не е од глобалното затоплување.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,438
9,147
1,683
Кушкундалево
Јас некаде прочитав дека после затворската казна ќе му спремаат превентивен притвор кој може да се продолжува се` додека се смета за опасност.
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
27
Битола
Јас некаде прочитав дека после затворската казна ќе му спремаат превентивен притвор кој може да се продолжува се` додека се смета за опасност.
да то е можно како мерка и јас разговарав со правник и тој викаеше дека Брејвик ке биде комплетно изолиран и ке нема можност за никакви кавги со други затвореници или со чувари таа мерка да не може да се употреби врз него зашто ке нема основа врз што да се предвиди дали е опасен за околината.. Сепак е можно самите да си додадат нешто плус само за да го задржат подолго во затвор ..
 
Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Човекот е многу нормален и свесен за ситуацијата во која се наоѓа ;)

Ако не превземам јас нешто ке превземеш,битното е дека ние веќе сме на бојнот поле ;)

Назионалиста ја сакја својата земја својот народ
:/
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,412
1,103
Чудо од створ ( не можам да речам човек зошто тој тоа не е)
Не е Хитлер туку е само еден обичен психопатски убиец кој на примитивен начин сака да си ги оствари целите кои ги добил под влијание на веројатно неговиот идол горенаведениот. А доколку сега сите ние му ставаме име Хитлер и го величиме на некој начин неговото дело...можеби и ќе успееме да му направиме услуга а тоа е да си добие подржувачи и следбеници (во краен случај). Дај да го заборавиме, да не го ставаме во уста, и да се надеваме дека казната ќе биде доволна за да плати за ладнокрвното убиство што го направил врз 77 жртви пати бројот на членовите на нивните семејства...!Ако го ослободат после 21 година ...(што нема шанса) тогаш ќе зборуваме пак, ама за сега тој е обичен психопат, убиец, предатор кој успеал да си резервира уште во првата половина на неговиот живот директен лет до “најлуксузниот“ апартман во пеколот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Trajche

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
27
Битола
Човекот е многу нормален и свесен за ситуацијата во која се наоѓа ;)

Ако не превземам јас нешто ке превземеш,битното е дека ние веќе сме на бојнот поле ;)

Назионалиста ја сакја својата земја својот народ
:/
Тебе друго ти беше муабетот ама јас ќе се задржам на првото…и јас никогаш не сум бил националист и никогаш не сум мислел дека ете некој вреди повеќе или помалку само затоа што припаѓа на одредена нација…го сакам својот народ и својата држава затоа што се мои, се радувам на секој успех на национално ниво, иако не следам многу, но никако не стојам зад она што ќе го каже или направи некој наш само затоа што тој бил македонец, затоа што сме од иста националност…од друга страна често се згрозувам од одредени ставови на наши или светски националисти…според мене националист е човек без индивидуална вредност кој единствено може да дојде до израз кога ќе се групира со други истомисленици, сонародници, а кај мене такви често предизвикуваат нагон за повраќање…

коментар на блогерот новајлија кај мене на блог...

Чудо од створ ( не можам да речам човек зошто тој тоа не е)
Не е Хитлер туку е само еден обичен психопатски убиец кој на примитивен начин сака да си ги оствари целите кои ги добил под влијание на веројатно неговиот идол горенаведениот. А доколку сега сите ние му ставаме име Хитлер и го величиме на некој начин неговото дело...можеби и ќе успееме да му направиме услуга а тоа е да си добие подржувачи и следбеници (во краен случај). Дај да го заборавиме, да не го ставаме во уста, и да се надеваме дека казната ќе биде доволна за да плати за ладнокрвното убиство што го направил врз 77 жртви пати бројот на членовите на нивните семејства...!Ако го ослободат после 21 година ...(што нема шанса) тогаш ќе зборуваме пак, ама за сега тој е обичен психопат, убиец, предатор кој успеал да си резервира уште во првата половина на неговиот живот директен лет до “најлуксузниот“ апартман во пеколот.

Со сомаото извршување на злосторството тој ја промовираше својата идеја и без разлика дали ке го спомнат уште 2 или 5 души тој успеа во својата намера.А споредбата со Хитлер вистинската зашто голем број на руски националисти веќе почнуваат да го сметаат за свој Фирер.
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,412
1,103
Со сомаото извршување на злосторството тој ја промовираше својата идеја и без разлика дали ке го спомнат уште 2 или 5 души тој успеа во својата намера.А споредбата со Хитлер вистинската зашто голем број на руски националисти веќе почнуваат да го сметаат за свој Фирер.

Епа не знам што да кажам. Ужас. Го зафатила светов некој тешка омраза што ме тера да помислам дека некој намерно прави вакви настани (не е ни андреас ни русите ни никој што се декларира јавно како таков...нешто големо и позадински се кува) со цел да се шири омразата, да се убиваме едни со други и наместо напред да одиме, ние да се враќаме назад во едно неубаво време исполнето со насилство, солзи, крв. Ужас.
 
Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Драги мои сонародници, гледам многу ве потресол случајот со Брејвик. Јас би ви препорачал малце да погледнете што се случува во нашава земја. Еве ке ви ја освежам меморијата.......... Пред десетина години нашата земја беше нападната од терористи или денес милуваат да ги наречат ,,борци за људски права,,. Тие терористи извршија терор врз македонскиот народ и невидени злосторства во поновата наша историја. Имаше случаи на масовна ликвидација на цивили, терористички напади врз безбедносните сили, дивјачки изживувања врз работници итн - за ова наведеново во светот се користи термин ,,злосторства против човештвото,, и се изрекуваат максимални казни нешто слично како казната на Брејвик.......... Но има една земја во која народот се оградува од својата нација, мисли дека ако сфатил сите се од крв и месо ја открил Америка, ко пред 100 или 500 години небиле свесни за тоа, и од таа причина се воделе толку војни...Епа мајчини синови тие кои ги извршија тие злосторства денес седат во парламент и влада и ви ја водат државата, располагаат и ги трошат вашите пари, а вие сте се фатиле како казната на Брејвик била мала....па само наивен човек може да мисли дека Брејвик делувал сам, односно дека во тоа не е вмешана некоја државна служба за да ги заплаши мигрантите од Арапскиот свет да не мигрираат во тој дел на Европа, ама таму има некој кој мисли за тој народ, не како кај нас село без кучиња па прај што сакаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin, parvati and Bum-Bum

Колку добро кажано...
Она што го зборев и јас...
Ако не сакаш ти они ке ги превземат чекорите...;)
Тоа не се луѓе со кои се преговара