Дали можеме да бидеме без емоции?

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Не е возможно човек да биде без емоции, незамисливо е.
Како што е незамисливо да живееме без да дишиме.
Како што крвта непрестано тече низ вените или како што кај мускулите секогаш е присутен тонус (тензија), така и човекот секогаш е во некакво емотивно стање.
Јас вака мислам: Емоцијата не може да се создаде или уништи, туку може да се претвори од еден вид во друг или да и се зголеми или намали интензитетот. (нешто слично ко првиот закон на термодинамиката). И тука голема улога игра менталната хигиена на самата единка.

Тие се рамнодушни, односно несвесни за тоа кое го направиле или за следното кое имаат намера да го направат.
И рамнодушноста е некакво емотивно стање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Човек без емоции не постои, кога тогаш тие ќе излезат на површина... без разлика колку и да е некој човек тврд, да не сака, ќе се најде некој или пак некоја ситуација која ќе му го промени мислењето... ;)

и темава е за во психологија, нека се премести :sreken
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Можеби не чуствуваат ништо за време на чинот, ама тоа не значи дека не чувствуваат ништо откако ќе го сторат.
За да направиш умислено злосторство, значи дека до некој степен си психопат. Не можеш да кажеш дека секој кој прави злосторство е рамнодушен, не му е страв, не се кае и сл.

Според описот на чувствата, примарни и секундарни, сфатив дека не си во право дека само луѓето ги поседуваат. Ќе земам за пример, куче. Секако дека чувствува страв, така, радост, гнев, љубов, пријателство, итн.

Мислам дека исто е чувство и емоција. Ако емоциите се психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот себе и кон сопствените постапки и доживувања, тоа значи: изразување на човеков однос кон предмет - некој предмет кој го поседуваш ти предизвикува радост, некој предмет кој не го поседуваш, а посакуваш да го поседува ти предизвикува љубомора... Значи, емоцијата е еднаква на чувството; истото важи и со настан, други луѓе, самиот себе - од сите нив добиваме различни емоции/чувства (страв, тага, радост, гнев,итн).

Нигде не спомнав дека не постои емоција кај кучињата. Постои, повеќе е од очигледно, но да се задржиме на луѓето.
Емоција и чувство не е исто. Тоа се учеше по предмет психологија во четврта година - гимназиско, општествено Б. Кој учел знае.

Емоциите како што напишав погоре се јавуваат кај луѓето и животните. Тие се врзани со задоволување на биолошките потреби како што е хранењето, репродукција со еден збор опстанокот.
Така страв се јавува кога единката е загрозена. На пример зебрата забележува лав, кај неа се јавува емоција - страв што ја тера да превземе акција - бекство.

Чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето. Тие се резултат на човечкиот социјален живот. Само човекот има чувство за другарство, патриотизам и морал. Значи човекот поседува и емоции и чувства. Емоциите се условени од неговата биолошка, а чувствата од социјалната природа.

Што е со психопатија?
За нив се кажува дека се далтонисти кога се работи за човечки чувства и душевни вредности.
Така тие се болни, а болеста е недостаток на чувства и емоции.
Линк
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
И да сакаш неможеш да живееш без нив. Тоа ти е исто како да прашуваш дали можеш да живееш без срце. Не бираш дали ќе имаш или ќе немаш емоции, едноставно се тука. Составен дел од тебе.
Можеш да ги контролираш реакциите кои произлегуваат од тие емоции, можеш да ги криеш и да не ги искажуваш, но во ниеден случај неможеш да останеш без било какви емоции. Ако стануваш рамнодушен тоа е кон нешто ама не кон се.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Невозможно. Емоции и чувства се реакција дојдена по природен пат, стекната по одредено време поминато со нешто/некој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
кој е без емоции или се прај еве шо сум ја....или се воздржуе...
мож не плаче пред другите...ама најубоо си знае тој/таа ...навечер коа сите ќе си легнат и он/а ќе остане сам/а....(не зборам само за филмови или да ти дое милост за нешо или да се растажиш,општо)
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Читам ги туј коментари па си мислу, ако мене никој неможе да ме изнервира, да ме натажи, да ме наљути, ја ги прекривам тија емоцие или ги немам ?