Дали можеме да бидеме без емоции?

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Не можеме без емоции. Дури и најсуровиот човек кој на изглед мислиме дека е робот кој нема срце и совест, многу е возможно длабоко во себе да е најемотивно уплашено човече.
Одлика дека сме луѓе, се емоциите па какви и да се.Кога на луѓето им се случуваат тешки и незамисливи трагедии обично велат дека се празни, како црна дупка да има во нив исполнета со „ништо„ , но Неможе да се биде празен и да не се чувствува, зошто дури и во тие моменти кога завладуваат некои темни емоции, дури и без солзи, и било каква физичка реакција , тие луѓе се исполнети со емоции.
Без емоции не ќе знаеме работите кои не опкружуваат што чувства предизвикуваат во нас, ќе бидеме како оваа направа на која сега типкам текст и пребарувам по интернет, едноставно не би биле луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Dr.Gonzo

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Секако дека може. Тогаш ќе се сведеш на рамниште заедно со еден куп сериски убијци, педофили, силувачи. Затоа што таквите во одредени моменти кога одземаат или уништуваат нечиј живот немаат никаква емоција, сочуство, жалење.

За мене е еднаков и директорот кој масивно отпушта луѓе за поголем профит, малтретира и гази без срам. Тоа е социопат.
Такви се луѓето без емоции.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Секако дека може. Тогаш ќе се сведеш на рамниште заедно со еден куп сериски убијци, педофили, силувачи. Затоа што таквите во одредени моменти кога одземаат или уништуваат нечиј живот немаат никаква емоција, сочуство, жалење.

За мене е еднаков и директорот кој масивно отпушта луѓе за поголем профит, малтретира и гази без срам. Тоа е социопат.
Такви се луѓето без емоции.
Па нели емоциите се и кон самите себе си.
Директорот за поголем профит не е без емоции,само што го преплавиле тие кон самиот себе си,исто и сериските убијци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Луѓето ги класифицираме на човечни и нечовечни зависно од даден момент, односно ситуација и нивни емоции и чувства врзани за истата.
Така човечно не може да биде човек кој гази намерно животно, сече грклан или мастурбира на деца под 10 годишна возраст. Генерално такви психопати, социопати и што уште не, во разговор со полиција имаат изјавено дека за време на чинот не чуствувале ништо.

Емоциите се психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот себе и кон сопствените постапки и доживувања. Емоциите ја определуваат и насочуваат човековата активност. Постои разлика меѓу поимите емоција и чувство. Емоциите се јавуваат и кај луѓето и кај животните, а чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето. Тие се резултат од човековиот социјален живот.

Постојат многу видови чувства и, за полесно разбирање, се прават обиди за нивно категоризирање според критериуми.
I. Критериум — Каква важност имаат чувствата во животот на човекот Според овој критериум, чувствата можат да бидат примарни и секундарни. Примарни се оние чувства што се универзални за човековиот вид и што се биолошки важни за неговиот опстанок. Тоа се основните човекови вродени чувства (страв, тага, гнев, радост…). Секундарни се оние чувства што се создаваат по пат на учење. Тие претставуваат сложени комбинации од основните чувства и се нарекуваат сложени чувства (љубов, љубомора, пријателство…).

Примарни или основни чувства Стравот е секогаш непријатен и проследен со напнатост, грижа и вознемиреност. Изворот може да биде во надворешната средина и од внатрешната то есть во човекот. Гневот е најчесто предизвикан од ситуации во кои се јавува пречка при остварувањето на некоја намера. Радоста е секогаш пријатна емоција. Радоста се јавува кога човекот успева да ја реализира целта што многу и упорно ја посакувал. Тагата е непријатна емоција. Се јавува кога човек ќе изгуби некого или нешто што му било многу блиско, кое многу го ценел и кон кое многу се стремел.
Така вели Вики (Википедија).

Примарните чувства кај социоати се изоставени. Дали тие чувствуваат тагаза време/ после чинот? Не. Дали чувствуваат радост? -Не. Дали страв чувстуваат дека може да ги фатат? -Не. Дали чуствуваат гнев кон себеси и гадливост од стореното дело? -Не.

Тие се рамнодушни, односно несвесни за тоа кое го направиле или за следното кое имаат намера да го направат.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Живот без емоции не постои , а и да постои, тоа е како да го гледаш животот во црно-бел телевизор а не во боја :sreken
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
... дека за време на чинот не чуствувале ништо.

Емоциите се јавуваат и кај луѓето и кај животните, а чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето. Тие се резултат од човековиот социјален живот.

Постојат многу видови чувства и, за полесно разбирање, се прават обиди за нивно категоризирање според критериуми.
I. Критериум — Каква важност имаат чувствата во животот на човекот Според овој критериум, чувствата можат да бидат примарни и секундарни. Примарни се оние чувства што се универзални за човековиот вид и што се биолошки важни за неговиот опстанок. Тоа се основните човекови вродени чувства (страв, тага, гнев, радост…). Секундарни се оние чувства што се создаваат по пат на учење. Тие претставуваат сложени комбинации од основните чувства и се нарекуваат сложени чувства (љубов, љубомора, пријателство…).

Примарни или основни чувства Стравот е секогаш непријатен и проследен со напнатост, грижа и вознемиреност. Изворот може да биде во надворешната средина и од внатрешната то есть во човекот. Гневот е најчесто предизвикан од ситуации во кои се јавува пречка при остварувањето на некоја намера. Радоста е секогаш пријатна емоција. Радоста се јавува кога човекот успева да ја реализира целта што многу и упорно ја посакувал. Тагата е непријатна емоција. Се јавува кога човек ќе изгуби некого или нешто што му било многу блиско, кое многу го ценел и кон кое многу се стремел.
Така вели Вики (Википедија).

Можеби не чуствуваат ништо за време на чинот, ама тоа не значи дека не чувствуваат ништо откако ќе го сторат.
За да направиш умислено злосторство, значи дека до некој степен си психопат. Не можеш да кажеш дека секој кој прави злосторство е рамнодушен, не му е страв, не се кае и сл.

Според описот на чувствата, примарни и секундарни, сфатив дека не си во право дека само луѓето ги поседуваат. Ќе земам за пример, куче. Секако дека чувствува страв, така, радост, гнев, љубов, пријателство, итн.

Мислам дека исто е чувство и емоција. Ако емоциите се психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот себе и кон сопствените постапки и доживувања, тоа значи: изразување на човеков однос кон предмет - некој предмет кој го поседуваш ти предизвикува радост, некој предмет кој не го поседуваш, а посакуваш да го поседува ти предизвикува љубомора... Значи, емоцијата е еднаква на чувството; истото важи и со настан, други луѓе, самиот себе - од сите нив добиваме различни емоции/чувства (страв, тага, радост, гнев,итн).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena