Дали можеме да бидеме без емоции?

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
За некој да биде без емоции, потребно е да има физички недостаток (односно трајно оштетен мозок).
Дури и психопатот има емоции.
Секое човечко суштество ги има и ниту една причина од социјален карактер не може една личниост да ја направи ,,без емоции,,.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
емоциите можеме вешто да ги скриеме,ама никој друг нема да пати освен ние самите
многу пати сум пробала да ги скријам моите емоции во разни непријатни ситуации ама сепак тие самите испливуваат
и лесно ме оддаваат
мислам дека е нечовечки да си без емоции
и самите тие кои се убедуваат дека се без емоции,сепак покажуваат барем една примитивна емоција
не познавам човек без емоции-може да е ладен,лесно и ладно да ги прифаќа и добрите и лошите работи ама сепак има емоции:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Многу сум расправал на оваа тема, и сеуште стојам цврсто кон мојата одлука. Имам многу чувствителна душа не сум оној тип на луѓе кои живеат со интриги, лаги и расипани ствари. Стварно ме годат многу работи како на пример овие наведените. Многу искуства, многу луѓе и многу примери кој ми ги дарил живото како лекции ме терат да играм без емоции.
Се трудам да сум без емоции, донекаде успевам во тоа. Но се трудам и на вистинските личности никогаш да не им дозволам да се чувствуват дека сум таков. Значи да, играм секаде без емоции но само кај вистинските личности ја исклучувам оваа особина. Барем јас мислам дека така е најисправно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luisana12

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
дефинитивно може без емоции... освен кога се работи за семејството.
за се друго веќе подолг период сум offline.
И одлично ми оди..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Keepitreal