Ова е исто ко да прашуваш дали можеме да не извршуваме физиолошки потреби.
Емоциите се составен дел од секого. Човек без емоции, е човек без оформен карактер, неизделкано дрво.
Различен е само степенот. Некој покажува повеќе, некој помалку. Некој е поладен од раѓање, некој решил да не покажува емоции поради тоа што бил изигран кога ги покажувал истите.
А да ги нема - мало морген.
Јас слободно можам да кажам дека имам огромна самоконтрола врз емоциите. Ако сакам.
И тогаш следат лавина негативни коментари на моја сметка, а јас си се смешкам во себе.
Тоа не значи дека емоциите ми исчезнале, туку само сум одлучила истите да си ги чувам за себе и да не ги покажувам пред избрани лица кои не заслужиле да ги видат тие одредени емоции кај мене.
Но, as Ι said, само за одредени личности. Јас не сакам да бидам неемоционална, а уште помалку би престанала да покажувам и уживам во одредена емоција, само затоа што сум била повредена од некого поради покажување на истата.