како прво преку глава ми е од такви како тебе кои пред се ги ценат скапите трансфери над младите таленти и убавината на фудбалската игра. од година во година фудбалот низ светот е се полош и полош? зошто? земи ги за пример Барселона и Реал Мадрид од Шпанија и погледни назад 20-30 години кој што и како освојувал... погледни го каков беше Челзи пред 10 години каков е во последните 5. Манчестер Сити од пред 2 години, Интер последниве 2 години, Јувентус, Монако, Панатенаикос, Анжи сега, Рома, Малага, Зенит, клубовите од арапските земји итн... каде е магијата на играта? Ја снемува! Само уште неколку клубови во светот ја негуваат вистинската вредност и традиција на играта а меѓу тие е и Арсенал.