Драги Модератори,
Преозбилно ги сфаќате критиките. Се нервирате и сте под стрес божем морате да го правите ова 8 часа дневно и ве плаќаат. Олабавете малку, одете испијте едно кафе, чај или што и да пиете. Не мора вашиот збор да биде последен.
Ќе ви стигне известување дека некој ви го тагнал името и одма со штитови и оклопи да се одбраните. Не е секоја критика искрена и вистинска, па не ја сфаќајте веднаш како таква. Или take it with a grain of salt, како што би кажале. Може едноставно некој не ве сака.
Модератори без неутрални мислења/модератори кои си дозволуваат да бираат страни - ве критикувам!
Модератори кои многу лесно попуштаат или им дозволуваат на членовите да си играат мајтап со нив! Таа титула ви дава способности кои ние ги немаме, па искористете ги. И вас ве критикувам!
Други модератори, според мене, не се истакнале нешто премногу па да добијат критика (позитивна или негативна). Да поминам низ листа на администрација сигурно повеќе од пола нема да ги препознаам.
Инаку, пофалби до
lady_blue затоа што се чини највредна е. Потоа следува и
Sarah, а понатаму и
Scars.