Атеизам (генерална дискусија)

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Само не можам да сфатам некој клинчиња од 16 години па и помалку како може да се атеисти бе?!
Прво, семејството им верува во Бога, слават дома празници, одат во црква и слично, а ти мене ми се прават неверници демек кој го е:cenzura Господ.
Второ, цело време викаат „оф Господе“, „о Боже“ и слично. Абе атеист си ало нели?
Трето, не ни знаат што се баш тоа атеисти а се претставуваат ко да се.
Познавам девојка што не е крстена во црква, не одела како мала во црква пошто нејзините не се верници во Господ и сега таа е атеист. Тоа е веќе нешто.. Ама тие прцлината што ми кењаат ми доаѓа да ги....не знам. :|
 
annazac

Истакнат Член
2 август 2012
30
13
108
И јас сум атеист,и пред се сакам да кажам постои многу голема разлика помеѓу атеист и сатанист,така да не можете да кажете дека атеистите се ѓаволи или сл.Според мене Билблијата е едноставна приказна,вистинита до некој степен во однос на постоењето на Исус,но мене никој нема да ми докаже дека човекот настанал од земјина прав,дека Исус воскреснал од мртвите бла бла бла...Ако вистина постоеше Господ тогаш сигурно тој би бил нешто чисто и добро,а ако постоеше тоа нешто чисто и добро немаше да има во светот:болести,природни катастрофи,војни,невини жртви,убиства,силувања,кражби...Единствено нешто кое навистина заслужува почит во Библијата се 10те божји заповеди!А да и добари примери кои ми текнаа сега и би сакала да ги прашам верниците се:
1.Зошто невини деца умираат при породување?Зошто Господ не им даде шанса за живот?
2.Како при војните и двете стани му се молат на Бога,а на крајот само една победува?Зарем Господ не им помогнува на сите?
3.Некој е муслиман,а некој христијанин,зошто поради таа разлика постои таа вечна војна помеѓу овие две вери
РЕЛИГИЈАТА Е ИЗВОР НА ПРЕДРАСУДИ!!!
инаку знам верниците ќе нападнат после ова,но секој има право на свое мислење,а тоа е моето...
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183

мм .. обожавам кога има луѓе кои размислуваат како мене.
На ова прашање до сеа никој не ми дал одговор, сите си премолчуваат, или крај краишта, менуваат тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: annazac

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Само не можам да сфатам некој клинчиња од 16 години па и помалку како може да се атеисти бе?!
Прво, семејството им верува во Бога, слават дома празници, одат во црква и слично, а ти мене ми се прават неверници демек кој го е:cenzura Господ.
Второ, цело време викаат „оф Господе“, „о Боже“ и слично. Абе атеист си ало нели?
Трето, не ни знаат што се баш тоа атеисти а се претставуваат ко да се.
Познавам девојка што не е крстена во црква, не одела како мала во црква пошто нејзините не се верници во Господ и сега таа е атеист. Тоа е веќе нешто.. Ама тие прцлината што ми кењаат ми доаѓа да ги....не знам. :|
се слагам со тебе....за тоа малолетниците
али за другото не...глеј и ја сум крстин во црква шо ти знам бал бла....али тоа ми го напраиле моите а не сум сакал јас самиот...одсекогаш сум стоел на она ( да наполни детето 18 год. па нека реши дали сака да биде верник или не ) ипак има доста примери како што кажа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
се слагам со тебе....за тоа малолетниците
али за другото не...глеј и ја сум крстин во црква шо ти знам бал бла....али тоа ми го напраиле моите а не сум сакал јас самиот...одсекогаш сум стоел на она ( да наполни детето 18 год. па нека реши дали сака да биде верник или не ) ипак има доста примери како што кажа :)
како на пример ја шо имам 18 .. не сум крстен и неам намера :D
 
990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Религија е релативна ствар . А сс тој уопште не се слагам, немора да значи дека ако родитељи на дете биле верници, дека и дете мора да е верник. У никој случај. Свак човек има право да мисли што сака, и тој право неможе да му се земе.
emzzy, ти атеист си? И образложи зашто, молим те.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Првин да разграничиме нешто. Оној кој е крстен не значи дека е верник, исто како и оној што не е крстен не значи дека е неверник. Крштевањето не зборува за верата на некого, туку црквата ги врши крштевањата со цел подоцна крстениот да има „влез“ во црквата. Знаете за каков влез зборам нели? Некрстен не може да се венча, не може да биде кум и сл. церемонии. Со самото крштевање црквата дава документ Крштеница кој всушност служи како „влезница“.

Но јас сметам дека верник не мора да оди во црква и да биде крстен (а успат да плати и незнам точно колку на црквата). Црквата малку забега со тоа ценовниците. Колку што јас знам треба секој да дарува колку што милува и тие работи како крштевки, венчавки и сл. не треба да се наплаќаат затоа што така се губи целата смисла на тој чин. Но тоа е што е, секој си избира што сака.

Околу тоа што го споменавте погоре, да наполни 18 па да одлучи...А до 18? Како ќе се декларира?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Религија е релативна ствар . А сс тој уопште не се слагам, немора да значи дека ако родитељи на дете биле верници, дека и дете мора да е верник. У никој случај. Свак човек има право да мисли што сака, и тој право неможе да му се земе.
emzzy, ти атеист си? И образложи зашто, молим те.
Не сум атеист.
Верник сум. Зошто? Бидејќи така моите ме учеле и така сакам. Крстена сум во црква, моите како мала ме носеле во црква и сакам да верувам во Господ. Затоа и сум верник...
 
ThyInfernium

Полноправен Член
29 август 2012
43
44
18
36
Религијата е извор на сето зло кое владее на земјата.
Плус се е имагинариум од човечкиот ум, да се постигне ефект - контрола врз масата луѓе, на кои секако им треба духовна поткрепа, да имаат на некого да се молат, да најдат внатрешен мир. Сето тоа е добро осмислено, добро испланирано, едноставна приказна која носи пари, моќ и владеење со народот! И покрај тоа што науката до ден денес го има докажано и е спротивно од она што религиите го претставуваат, луѓето пак слепо веруваат во религиозната фикција.
Атеист сум баш поради тие причини, знам како функционира црквата, како мал одев секој ден, па дури и помагав за Велигден и уште тогаш сфатив како сето тоа уствари функционира :)
Без разлика на се, тоа е мое мислење, не сакам да влијаам на некого, секој си има право да верува во што сака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
Ги прочитав сите мислења на форумов и некои навистина ми се допаднаа.
И јас сум атеист и се сложувам со голем дел од погледите и размислувањата на другите. Исто така сум и позитивно изненадена бидејќи очекував многу повеќе верници кои напаѓаат еден или двајца атеисти, но мило ми е што го гледам спротивното. За мене тоа значи дека се движиме напред.:gjavol
Во секој случај, никој од вас не ја потенцира разликата меѓу верата и религијата.
ThyInfernium убаво кажа, Религијата е навистина извор на сето зло, таа е ограничувачка и не прави сите нас слепи.
Но од друга страна и ние самите атеисти сме верници на некој начин. Многумина напишаа и уште многумина ќе речат дека веруваат во човештвото или во себе.. битниот момент е дека ВЕРУВААТ. Така и јас верувам во себе, во науката и во сплет на околности. За разлика од религиските следбеници, јас можам да се видам себе си. Можам да ги видам другите луѓе и тие да ме видат мене, значи постојам, односно постоиме. Тоа не прави нас храбри бидејќи сме се прифатиле себе си такви какви што сме без разлика добри или лоши и знаеме дека ние и само ние ќе имаме награди или последици од нашето дејствување. Слободоумни сме и далеку пољубопитни од сите страствени религиски следбеници.
Многумина постоењето на тој некој бог ќе го објаснат со тоа што нашле пари кога им биле најпотребни, или кокошка снесна јајце со ликот на исус за велигден и пак и повторно ќе веруваат во т.н Чуда. Златен бил тој некој си господ ќе речат што на жената и дал дете после 10 години. И ете повторно се ограничиле. Верувајќи во тој семоќниот тие никогаш нема да научат дека всушност фармацевстската индустрија многу напреднала во последните неколку години и дека истата таа жена одела на хормонски терапии пред да го добие тоа дете.
Неможам да престанам да им се чудам на сите оние кои веруваат во толку големи измислици и живеат според некаква општо прифатена книга, секојдневно ускратувајќи си себе си на задоволства и лицемерно однесувајќи се кон другите само поради стравот од Лошото кое пак го има на секој чекор. Но неможам ни да си трошам време убедувајќи ги во спротивното бидејќи секогаш се случува истата приказна: бегаат од фактите менувајќи ја темата, неволни се за расправија и се правдаат велејќи дека нема да сватиш. Се надевам дека некогаш ќе ги отворат очите :nerd