Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Пробај и ке заборавиш што е неугодност.
првите два месеци а немора ни толку,ке ти е проблем дур се навикнеш,после нема ни да приметуваш дека имаш добиено.
Божеее..голем скептик сум во врска со овие тампониве. На моја другарка и’ се случи да не може да го извади, се скинал тој конецот.
Јас од кога добив па досега се’ со влошки сум. Јес да ми е неудобно првите два дена затоа што имам пообилно крварење и менувам многу набрзо, ама стравот не ми дава да пробам со тампони
Само влошки, тампони немам користено никогаш. Во врска со влошките користам само Feel Fine затоа што се памучни и меки, а синтетичките воопшто не можам ни да ги помислам, ме потат, прават да се чувствувам неугодно и слично.
И мене до сега еднаш ми се случи да ставам тампон пошто ми дојде последниот ден од одморот а сакав да се плажам мн нормално
јас па и немам некое лошо искуство.. Дури и заборавив дека имам добиено камо ли тампон дека имам ништо не осетив. А и не ми текнало да ставам пак изгледа сум немала пригода..
А од влошки користам од оние Always ноќните што се од до оти толку е непредвидлива тетката..
Блазе оние што можат да истераат со тампони. Три пара пижами сменив за три дена, а редовно станувам два пати навечер за да сменам влошка.
Ми фуфка и мене малце дека сум баксуз и ќе ми остане кончето во рака, па сигурно си е сигурно.