1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Влошки или тампони?

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Mila Kunis, 16 мај 2012.

  1. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,527
    Најпрво да ги замолам машките да се воздржат од коментари на темава :)

    Зошто тампони?
    Познато е дека тампоните се ставаат длабоко во вагиналниот отвор, до самото грло на матката, а ги држат на местото вагиналните мускули. Аплицирани во вагинатаја впиваат крвта пред таа да истече од телото.
    Секако, до истекување на крвта може да дојде, ако впијат многу крв, па вишокот истекува надвор. Исто така, малку крв може да остане на влезот на родницата уште во периодот пред да ставите тампон, што може да изгледа дека тој пропуштил, а секако тоа не е случај. Затоа многу жени, користејќи тампони паралелно користат и дневни влошки, иако тие не се неопходни.
    Тампоните се најчесто произведени од органски памук, или комбинација на памук и свила.
    Вадењето на тампонот од родницата треба да биде лесно и безболно, и тоа со помош на конецот кој е надвор од родницата. Секако искуствата на жените се различни, од тоа дека конецот пукнал, до болки во текот на вадење, но тоа се индивидуални случаи кои се навистина ретки.
    Тампоните треба да се менуваат секои четири до шест часа, а понекогаш и почесто ако се работи за пообилно крварење.
    Предности на тампоните:
    -жените кои ги користат ги сметаат за похигиенски од влошките
    - мали се, лесни за манипулација, а нивното одржување е многу поедноставно
    - дискретни се
    - може да се користат во сите пригоди, бидејки ги отсрануваат сите траги на постоење на менструалниот циклус
    - не прдизвикуваат никаква нелагодност ниту ги чувствувате ако правилно се аплицираат
    - нема никаква нелагодна миризба
    Недостатоци на тампоните
    -за некои жени проблем е нивното аплицирање, било со апликатор или со прсти
    - аплицирањето со прсти не е најхигиенски ( пред аплицирање убаво измијте ги рацете )
    - може да ги потенцираат менструалните грчеви
    - нивното аплицирање и вадење може да предизвика нелагодно чувство
    - може да предизвикаат токсичен шок и други инфекции

    Зошто хигиенски влошки?
    Во денешно време за среќа жените скоро и да немаат никакви проблеми со влошките, дури некои видови влошки изгледаат доста футуристички. Без оглед на положбата на телото и движења кои се изведуваат, повеќето влошки ќе ја исполнат својата функција, а тоа е заштита од протекување на крв.
    Она што е најдобро кога ќе се разбудите наутро, најверојатно нема да биде дамка од крв на постелнината, а во тек на денот ќе имате помалку или повеќе чувство дека имате месечен циклус и носите влошка, а тоа е исклучиво индивидуално чувство и навика.
    Новите хигиенски влошки се конструирани релативно добро да прилегаат на женското тело и гаќичките, па спречуваат евентуално ширење на непријатна миризба.
    Предности на хигиенските влошки
    -препорачливи се ако имате проблеми со менструални грчеви
    - не постои ризик од токсичен синдром
    - достапни се многу брендови, големини и видови
    - не постои ризик ако заборавите да ги промените
    - нема болки и нелагодност во тек на ставање и отстранување
    - не постои можност да се „ заглават “
    Недостатоци на хигиенските влошки
    -може да се видливи преку одредени типови на облека
    - не се погодни за капење ни други спортски активности
    - може да се изместат и пропуштат
    - потешко е соодветно да се фрлат
    - можат да бидат извор на бактерии кои може да предизвикаат разни воспаленија
    - тешко е да заборавите дека имате месечен циклус кога ги носите
    - може да пропуштат нелагоден мирис

    Тампоните, причина за синдром на токсичен шок!
    Можеби и вие сте љубителка на тампоните и секогаш ви се на првото место во трката со влошките при заштита за време на вашиот менструален циклус или пак најмалку барем еднаш биле вашиот „спас“ за време на летниот одмор.
    Практични се и имаат многу позитивни страни, тврдат многу жени кои редовно ги користат, но дали сте знаеле дека неправилната употреба на тампоните е фактор број еден за појавата на т.н. синдром на токсичен шок?
    Причини:
    Користењето на т.н. тампони со поголема моќ на впивање и тампони кои содржат синтетични влакна, како рајонот, го зголемуваат ризикот.
    Исто така има мал ризик од синдром на токсичен шок доколку го носите тампонот повеќе од 8 часа. Ако сте љубителка на тампоните, сепак препорачливо е да носите влошка еднаш на ден, кога спиете на пример, особено ако имате навика да спиете повеќе од тие 8 часа.
    Само со правилна постапка нема да дојде до инфекции, посебно до овој синдром, а правило број еден е да се менуваат тампоните на секои три часа.
    Тинејџерките и жените до 30-тата година се позагрозени од овој синдром во однос на постарите жени. Токсичен шок има мали шанси да се јави и кај децата и мажите што имаат намален имунитет.
    Симптоми:
    Синдромот се манифестира со главоболка, болка во грлото, болки во мускулите, висока телесна температура, дијареа, мачнина, повраќање и кожни манифестации во вид на црвени дамки слични на изгореници од сонце. Симптоми на синдромот може да бидат и мошне низок крвен притисок, губење свест, конфузно однесување или акутно воспаление на бубрезите.
    Ако се посомневаме дека имаме два или повеќе од симптомите на синдромот токсичен шок, веднаш треба да побараме лекарска помош за да се дијагностицира заболувањето и да се преземат соодветни мерки. Понекогаш е потребна и хоспитализација.
    Појава:
    До токсичен шок доаѓа, откако бактеријата „ Staphilococcus auerus“ ќе поизведе отров кој се шири преку крвта и ги напаѓа сите органи. Овој синдром е редок, но опасен.
    Синдромот на токсичен шок е сериозна состојба, која се манифестира кај луѓе што имаат слаб имунолошки систем.
    Се јавува неочекувано и е последица од труење на организмот со оваа бактерија. Овој вид бактерии понекогаш создаваат и лачат една супстанцијата, која ги оштетува обвивките на клетките и создава здравствени проблеми.


    Што повеќе преферирате да користите за време на менструалниот циклус – тампони или хигиенски влошки?
    Зошто повеќе ви се допаѓаат едните или другите?
    Или можеби ви е сеедно што користите толку долго додека тие си ја вршат својата работа?
    Кога практикувате влошки,а кога тампони?
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    Никогаш не сум користела тампони.Секогаш влошки Yup :)
     
    На Badgirl и Dee Dee им се допаѓа ова.
  3. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Тампони и ништо друго
    Порано до пред неколку години неможев да сватам како можат да ги носата тампоните...сега се чудам како носат влошки...со тампоните се чувствуваш како да немаш добиено...далеку похигиенски и попријатно чувство
     
    На parvati, Dee Dee и lady_blue им се допаѓа ова.
  4. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    Влошки си користам :) но кога сум на излегување, свадба или некоја друга таква пригода е тогаш тампони... тампони користам и сега во лето, поубаво ми е, така со влошките некако ми е многу глупаво :D и секако кога сум на одмор ако добијам и тогаш тампони ;)
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Primrose

    Primrose Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    680
    Допаѓања:
    1,288
    Вошки.
    тампони немам користено.
     
    На Ludaca, Dee Dee и Scars31 им се допаѓа ова.
  6. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Влошки. Најдобро влошки, со тампонот мака мачиш цел ден и плус треба да го менуваш, да го ставиш како што треба, па може и да те боли, па нервози....итн. Никад не сум користела само сум слушнала вакви муабети за тампоните.
    Влошки според мене сега најдобри се. Always
     
  7. Sugar

    Sugar Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    501
    Допаѓања:
    1,110
    Тампони само у лето, ептен коа сум у безизлезна ситуација :giggle Иначе ги нејќам, мн непријатно се чувствувам, неможам ни да седам, дека не сум навикната а и нејќам да се навикнам (shake)
     
    На Aaliyah му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    Јас користам само влошки(Yup) никогаш не сум користела тампони и не ни сакам ...
     
  9. Mardy Bum

    Mardy Bum Староседелец

    Зачленет на:
    25 април 2012
    Мислења:
    178
    Допаѓања:
    180
    и влошки и тампони, тампони повеќе користам лето и кога не сум дома, за по дома, на школо или ако подолго време сум отсутна па ќе неам шанса да си сменам тампон користам влошки, или пак, излегувам со тампон па се враќам со влошка :D:D секако тампоните ми се подобра опција, ни да се секираш дали ти се познава, дали ќе ти се измести, ниту пак имаш непријатно(постојана влажност) чувство..
     
  10. Mystique

    Mystique Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    753
    Допаѓања:
    1,411
    Не сум користела тампони до сега, ама сакам да пробам. Ми вртеа порано некој муабет као може да се заглави, не знам неудобно чувство , болки се појавувале... тинтири минтири:) Влошките ми се ужас, во период на ПМС се чувствувам катастрофа само поради влошките. Затоа сакам да сменам и да пробам тампони. Дај боже да се попријатни.
     

Сподели: