Канибализам

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Епа вака, за волја на бизарната вистина знаете дека на планетава Земја и многу случаи со канабилисти (луѓе што јадат луѓе - за неупатените). Едни го прават тоа бидејќи е дел од обичаите на племето, а други заради некои си нивни фикс идеи кои речиси никој неможе да ги разбери.

Повеќе ги сфаќам овие заостанатите племиња бидејќи ете.. толку им сечи паметот, но мислам дека треба да се реагира и да се прекинат секакви акции кои се поврзани со канибализмот.

Додека пак, коа станува збор за оние психопати, кои израснале во едно современо општество, а сепак се дрзнале да убијат па да изедат друг човек , мислам дека треба да биде изречена најстрога затворска казна, дури и смртна подржувам. Или да бидат сместени во соодветна психијатриска институција.

Единствен случај во кој оправдувам канибализам е кога би се наоѓале заробени во некоја неизбежна и тешка ситуација и тоа од умрени луѓе. Пример , одите цела експедиција на антарктикот и фаќа силна бура, немаде каде, немаде ни што да јадете, дел од вашите пријатели умираат, дали би се решиле на таков потег или би и се предале и вие на смртта ?
Ако ме прашувате мене, во таков случај јас би направил се да преживеам, освен како шо реков да убијам друг. Па дури и ако јас сум на умирање би им ја дал дозволата да го искористат моето тело, дозвола која и не би требало многу да им знали нели, но сепак е една морална подршка. Оти човек во такви ситуации може и да скрене од умот.
Значи, оправдувам канивализам само во такви ситуации, животот нема цена и не сте свесни што се не можете да направите кога би се наоѓале на самиот крај.

Толку за сега, подоцна ќе се вклучам пак.
Ме интересираат ваши мислења на оваа тема, дали воопшто подржувате секаков канибализам и уште поважното прашање , дали вие би се решиле на таков потег, да изедете туѓ дел од мртво човечко тело само за да преживеете уште неколку моменти и со надеж дека ќе дојде екипа да ве спаси од местото каде сте заглавиле.
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Премногу одвратно е ова за денешните човекови навики, но сепак во безизлезна ситуација би морало да се учествува во „забавата“. Кој и да коментира мислам дека повеќето ќе се согласат со мене, но да не бидам премногу самоуверен, можда некој ќе си гризне самиот од себе за да не ги повреди другите.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Тешко глупости ама ги има , ги има и во денесно време иако сме 21 век...

Сега да пренесам нешто од што бев згрозен и искрено ми дојде да повратам после тие 2-3 минути ...

Значи пред 2-3 години играв мафија фарс на фб , имав рандом пријатели од цел свет, и така сум имал некој од индонезија беше типот ... и така еден ден на почетна ми излага како тој споделил фото албум насловен парафразирам во чест на мојот покоен другар... првата слика беше некоја групна од цело друштво па реков ај да отворам... и тогаш ШОК АМА КАТАСТРОФА ШОК :eek
По описот што го имаше типот кажува дека неговиот другар имал проблеми со срцето и требало трансплатација ама посто од некое забаталено место во индонезија немал нит услови нит пари па едноставно чекал да умре а им оставил аманет неговот тело сите познаници, другари , роднини и пријатели да го ИЗЕДАТ БУКВАЛНО :mad за да демек вечно се секаваат на него :mad ... и така она што го видов од првите две три слики беа 20-30 луѓе свртени околи една маса на која младо момче од 20 и некоја година лежи мртво а неговите надлактици и надколеници беа расечени и отворени, мускулите му беа засечени како на парчина ... неможев повеќе, стегнав за пријава на албумот и типот го избришав од пријатели со блокирање... што се нема по светот ... :cenzura
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Според мене се ова е бизарно и одвратно затоа не подржувам никаков вид на канибализам и не би се решила да изедам туѓ дел од мртво човечко тело само за да преживеам..(puke)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Единствен случај во кој оправдувам канибализам е кога би се наоѓале заробени во некоја неизбежна и тешка ситуација и тоа од умрени луѓе. Пример , одите цела експедиција на антарктикот и фаќа силна бура, немаде каде, немаде ни што да јадете, дел од вашите пријатели умираат, дали би се решиле на таков потег или би и се предале и вие на смртта ?
Ако ме прашувате мене, во таков случај јас би направил се да преживеам, освен како шо реков да убијам друг. Па дури и ако јас сум на умирање би им ја дал дозволата да го искористат моето тело, дозвола која и не би требало многу да им знали нели, но сепак е една морална подршка. Оти човек во такви ситуации може и да скрене од умот.
Значи, оправдувам канивализам само во такви ситуации, животот нема цена и не сте свесни што се не можете да направите кога би се наоѓале на самиот крај.
Пример за ваков случај има во филмот Alive (кој е снимен според вистинска приказна). Во таква ситуација ретко кој би размислувал, ако тоа ти гарантира уште неколку часа живот...
Иначе во целост се согласувам со тебе, канибалистите (оние што убиле човек за да го изедат) заслужуваат најстрога казна. А оние кои живи ги гризат луѓето (како што имаше случаи последниве неколку месеци) треба во психијатриска установа да се сместат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Trouble

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Сега повеќето мислиме дека не би јадели делови од умрени луѓе, ама сепак во тие ситуации поинаку се мисли..
А и мил ми е животот, би направила многу работи за да преживеам. Би се решила да јадам.. веројатно...
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Пример за ваков случај има во филмот Alive (кој е снимен според вистинска приказна). Во таква ситуација ретко кој би размислувал, ако тоа ти гарантира уште неколку часа живот...
да , исто и во филмот 127 hours типот едно време почна и од раката да си јаде, тоа е тоа , самата психа во тие моменти е под неверојатен притисок и не тера да направиме се за да праживееме неколку минути подолго.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ханибал Лектер... Го обожавам тој карактер:)

Инаку имам гледано канибализам во живо. Јадев пилешки стек и му дадов на гулаб да јаде:D

Прво, канибализам е кога единка јаде друга единка од ист вид, а не само човек да јаде човек. Ова постои во природата како сосем природна појава. Има риби и желки кои си ги јадат своите малечки за да преживеат. Лавовите обично откако ќе се породи лавицата настојуваат да ги изедат своите потомци, но лавицата ги брани (не секогаш успева да ги одбрани). Мене не ми е гадно. Веројатно моите граници на толеранција се многу поголеми од просечните.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
само .. не ми беше јасно .. како тоа одма се обвинува за човек кој убил друг човек и го изел.
Па добро .. зошто никој никого не обвинува кога се убиваат животни ? Секојдневно се убиваат голем број на животни .. зошто никој никого не обвинува за тоа ?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
само .. не ми беше јасно .. како тоа одма се обвинува за човек кој убил друг човек и го изел.
Па добро .. зошто никој никого не обвинува кога се убиваат животни ? Секојдневно се убиваат голем број на животни .. зошто никој никого не обвинува за тоа ?
Демек животните немат свест...(worried) Тапа изговор нели?