Партнер од друга вера?

Imasnake

Нов член
15 јули 2012
1
2
3
45
Не сум против и покрај "лошото искуство"! Лошото искуство морам да го појаснам затоа што еден збор неможе да опише настан или период од животот, во конкретниов случај е крајниот рзултат. Се сметам себеси за реална личност, сакам работите да ги разберам и разграничам, несакам сереотипи,гетоизам, национализам, фрлање работи во ист кош, бркање баби и жаби... , верник сум - верувам во Господ - Алах (светлина, љубов, праведност...) и верувам дека постои и ѓаволот - шејтан ( зло) и верувам дека светлината, љубовта... на крајот сепак можат да го победат злото, но најмногу верувам во човекот ( господ го создал него нели а не ѓаволот) и човечноста! Значи битен ми е човекот и тоа каков е а не кој и од каде е, збрам за секој оној што е дел од мојот живот- роднина, пријател, комшија, колега.. И се заљубив во ЧОВЕК ( љубовта е прекрасна ) за прв пат, премногу, пресилно... и тој во мене, ете се случи, случајно, судбина, виша сила? Е сега јас сум муслиманка тој е православен и следи - што ке речат роднините, комшиите... одиш со глава у ѕид, ставаш здрава нога у трн... По неклку години убедување ( во кои преовладуваа најубавите моменти од мојот живот, љубовта е прекрасна нели) моите заклучија дека најбитна е мојата срека и се помирија но неговите не и тој попушти под притисокот ( спротивно од стереотипите на ова поднебје). Се прашуав кој е виновен државата, малограѓанството, национализмот, стереотипите, религијата, историјата, традицијата ... јас или можеби тој бидејки на беше доволно храбар или едноставно не ме сакаше доволно. Го обвинувам, да, но не до крај и сеуште го сакам по малце, ех, жалам пред се за изгубеното пријателсво и сакам да е среќен. Се надевм дека ке сретнам некој кој ќе ми значи барем половина од тоа што тој ми значеше и ќе бидам среќна! И покрај се јас не сум против ваквите врски бидејќи знам и познавам парови кои успеале и им се восхитувам бидејќи нивниот успех значи дека љубовта, светлината... го победила омразата, темнината.. Доброто го победило злото!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: karen and Мортидо

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Појма неам.. :D
Па може би подразмислил. Но да се сменат вера. :rofl Јас нема шанси да мењам вера.
Па не мора вера да мењаш.. Како има христијанин со муслиманка.. Еб:cenzuraле се и ваа родила и земале се и овој мора вера да мења ? Ма немој да ме је:cenzuraеш бре :D