Дали денес е возможно достојно живеење без факултет?
Дали може да се најде достојна работа без факултет?
Кои работи можат да се работат без факултет?
Како вие го замислувате таквиот живот?
Возможно е ако дедо ти/ татко ти ти оставиле богатство.
Или ако тате е директориште па ти купи диплома и те бутне кај тебе во фирма.
Ако имаш среќа, мозок и кеш за да отвориш сопствен бизнис.
Само во овие случаи не би ти требало факултетска диплома.Шо ќе ти е ако со сопствен бизнис имаш 6+ илјади евра месечни примања?
Со кој факултет ќе ги имам тие примања?
Во сите останати случаи потребна е диплома.Некогаш ќе ти затреба.До тогаш ќе си работиш се и сешто, од разнесувач на пици па до конобар/шанкер/молер или пак невработен.
Е сеа има и некои луѓе што пример ќе завршат некој по јак факултет како Финки/електро/пмф/медицина и одбиваат било каква работа освен по нивна струка.Или пак за плата помала од нивните очекувања не работат.Епа нема.И никад нема да има.Мора од негде да се почне јебига.Ќе имаш диплома на електроинжињер а ќе работиш како електричар неколку години.Јебига ќе фураш 15 илјадарки ама секогаш ќе има шанса да заработиш повеќе.Можно е да ти се насмевне среќата па да влезеш во фирма како електроинжињер.Никогаш нема да најдете идеална работа.Таква работа не постои.
karen
Тие ретки случаеви и не се баш ретки.Познавам луѓе со едвај завршено 3 годишно средно образование кои цепаат 500-1000 евра преку научен занает.Да бе, сељаци се немаат факс работи како електричар, труе од пот ко мртва камила ама лапа пари повеќе од некое банкарче во тесни пантолончиња и кошулче.И такви случаи ги има мнооогу.
А во врска со работодавците имаш многу погрешно размислување.
Колку само ако вработам некој мој познаник/роднина или некој близок што поим нема од сферата во која мојот бизнис се занимава би го експлоатирал далеку повеќе од било кој работник кој го имам вработено за да си ги оправдам давачките за тоа што е пријавен како и платата која што ја зема знаејки дека не ја заслужува.