Дали денес е возможно достојно живеење без факултет?
Дали може да се најде достојна работа без факултет?
Кои работи можат да се работат без факултет?
Како вие го замислувате таквиот живот?
Мислев дека и без факултет може да се успее во животот, да се има пристојна работа, но увидов дека сум бил во заблуда. Мислев дека ако студираш ќе се занесеш само во тоа што го студираш и освен професијата за други работи во животот ќе бидеш дудук.
Кај мене важеше она ’’подобро да имаш познавање од повеќе области но помалку, отколку да навлезеш во една’’.
Дури и ги делев луѓето на ’’енциклопедисти’’ - првите погоре и ’’специјалисти’’ - навлезени во професијата, но без интерес и знаење за друго надвор од неа од кои повеќе ги поштуев првите ... Но се бев излажал ... и специјалистот може да биде енциклопедист ако му фаќа кликерот ...
Џабе ми е сето знаење кога нема каде да го покажам, кога нема со кого да напраам асален муабет (мене така ми се погоди, за жал), кога осум саати сум опкружен со смртници кои ништо живо не ги интересира од животот, на кои темите за разговор им се само фудбал, спортска, кеш, курви, коли, трачарење ... кога им ги кажуваш своите сваќања, идеи те гледаат како чудак, мислат дека им се праеш паметен, воопшто не те сваќаат ... Сознајниот развој во животот со средно многу споро се развива, а може и воопшто да не се развие, немаш време за тоа. Она што си го спознал како такво додека си бил средно и тоа ќе ти остане, дури може и бетер да се отупи, поготово ако стекнеш семејство рано и ако се најдеш во некоја работна средина со просечноинтелигентни личности... Постојат секаде исклучоци не велам не, има лица со средно кои работат како медицински сестри, сметководители или општо во фирми каде што има паметни човеци ... но ипак, таквиот живот е живот по шаблон куча-посо-посо-куча, учењето, надградувањето е закочено ... колку само ме нервира некој ко ќе ми рече ’’ене го се ожени, се вработи со плата 200 евра, си го нареди животот’’, абе си го нареди у мајчина ... Јас можеби по дипломирањето пак ќе се пикнам во некое фирмиче за мизерна плата, но во меѓувреме ќе трагам по работа спрема професијата, ќе се надевам барем оти имам диплома ... а со средно? со средно животот ми е решен ... ќе се вработам негде, ќе се оженам, платичето пола и јаче ќе иде за деците, а да не зборуваме за когнитивниот прогрес, нема време за тоа ... пиши пропало на таков живот ... Ваков став држам зошто сум прошол низ тоа, знам како е, а и гледам околу мене луѓето со средно каков живот имаат повеќето ... после средното се запишав вонредно на факс и работев, но од Х причини испадна да бирам помеѓу работата и факсот, и ја одбрав работата оти тогаш поважни ми беа парите отколку образованието ... и така после 5 години се освестив и се запишав повторно на факултет од кој се надевам деке ќе имам подобра иднина и подостоинствена работа.