Како мажите преболуваат разделба?

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
407
363
Skopje
Па не им е сеедно и на нив ако се прават однадвор дека се среќни кога внатре скапуваат од тага, сепак не се од камен ебате, имаат и они чуства само што не ги покажуваат.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
На последното раскинување од страна на женската сакав да се фрлам од Гоце Делчев мостот, а претходното раскинување сакав да исечам вени :D


Познат сум по ладнокрвноста и рамнодушноста околу таа работа, затоа што имало девојки кои мислеле дека ако ми раскинат дека ќе направат да патам, а јас пак со мојата рамнодушност сум ги терал они да стават прст на глава и они да патат.
Иако не се замарам, сепак се случувале такви работи, но сега е подруго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Зависи од врската, односно нејзино времетрање и длабочина.
Во принцип кога машко раскинува долга врска, значи му е докурчено. Она апла.

По долги анализи и прибирање на мое и туѓо искуство, дојдов до заклучок за долги врски и нивни турбуленции т.е низа на раскинувања и нивното непишано правило.
Обично при секоја караница девојката се курчи, рика и пцуе и во текот на цела врска сигурно во многу наврати раскинала. За разлика од машко кое водејќи се по разум, делува повеќе мирно и ладнокрввно, па така по долги калкулации и безосетно ладење, типот не се замара кога официјално ќе објави разделба. Практично многу пред тоа, расчистил со врската и со чувства према партнерката.

Понатаму доаѓаме до ситуација кога девојката липа со недели и месеци, а типот не се замара и како врв на тоа фаќа друга девојка. Не се работи за инает, не се работи за поттикнување на љубомора и драма, зашто вакви особини и кроење планови се работи кои ги прават жените.
Секако постојат исклучоци и кај двата пола, но генерално така стојат работите.

Од друга страна пак, онаа вистинска, длабока љубов и што понатаму без неа е период кога за истата не се збори наоколу.
Затоа што не е навика, не е рутина, не е губење на тло под нозе и ориентирање околу една личност. Најчесто вакви искуства од личноста прават затворена кутија во која се случува борба за пронаоѓање на делотворен начин за справување и бегање од реалноста за извесно време.

Мажите се луѓе од крв и месо, не се машини и се водат по разум. Затоа нивниот излет во блиска околина со палома и солзи не е добредојден. Патат како нас жените, само затворено и тивко.
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Машко смее да заплаче само кога е на депилација:p лигавење не сака ниедна девојка, девојката над мене убаво објасни, а оваа под мене сега што е си знае уште поубаво:rofl За преболување се знае, 3 пати неделно жесток алкохол додека не го умртвиш секој нерв и не чувствуваш ништо
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Зависи колку ја сакаш, ама не е до толку тешко да дојде до плачење и затварање во соба у 4 ѕида. Многу лесно се дружам со другарите излегуваме, шетаме, пиеме пиво и гледаме фудбал:D
лесно е на збор ама на дело?
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Ако биле затрескани, никако не преболуваат. Само времето ја игра тука главната улога. Се додека времето не ги откине емоциите од сеќавањата, секогаш ќе се јавува кнедла во грло и забрзан пулс при секоја средба. Колку време ќе трае ’’лекувањето’’ зависи од самата личност.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Шо знам не сам имаја голееему љубав, али убаво кажасте, нормално е дати е криво и да те боли срце и све тој, ама мушко да се лигави и да плаче у 4 ѕида тој не е у реду.