едно кратко филмче погледнтете го и ке сватите за што се работи и која е всушност вистинат што се кире позади религијата... клипов има добра поента..
Јас би рекла дека единствената позитивна работа кај верата е сопственото убедување за спокој, и догледност на граници на сопствените убедувања за морал и етика.
Јас сум православен христијанин...барем колку што можам да бидам.
Не се сеќавам кога последен пат сум била во црква, не постам никад, сметам дека поповите се најголеми лопови...ама тврдам со две раце и една нога, дека тоа не ме прави лош човек.
Јас повеќе сум за она убедување дека доволно е да живееш по сопствените убедувања кои те исполнуваат и кои не повредуваат никој, не мора да го украсуваш тоа со запалена свеќа.
Мојот храм е моето тело, канал низ кои поминуваат мислите, молитвите, верувањата...
Па јасно е зашто Христијанството го измислиле...Јадни луѓе, живееле како кучиња. Помислата дека некој ќе ги избави од тие маки ги исполнувала со надеж...Месијата е знак за спокој.
Вербата во нешто вишо, во нешто необјасниво што ти влева стравопочит, ги притиска твоите кочници не може да биде негативно, барем не во ова безредие и хаос кое не опкружува.
Ама тоа е меч со две острици.
Ако направиме едно протресување на главчињата ќе добие една перцепција која не ја величи баш толку религијата. Сите војни во светот се на религиозна основа, добро и за нафта.
Религијата е одлично средство за манипулација да се уништи она што најмногу треба да се величи...човештвото!
Контрадикторност.
Сепак, бидете умни и јадете супа, оти дедо Боже ќе се кара :spin