Ако не дозволиш, нема пропагандите да ти го исперат мозокот.
На страна масони, чуда и врагови, јас зборувам за гледна точка од страна на обичниот човек.
Сакав да се продискутира за однесувањето кон хомосексуалците конкретно тука, во Македонија. А и нивното однесување кон другите.
П.С. Изгледа сум направила превид, ако има иста тема префрлете ги мислењата од тука и решена работа
Слушај вака. Не ти ја знам поентата, значи однесувањето кон хомосексуалците во Македонија. Што им е забрането на хомосексуалците во македонија ги тепаат ли не знам што им прават. Кога имаат односи по дома им тропаат ли на врата некои ги малтретираат ли.
Ако ми речиш ги за***ваат, е што толку ли се нежни можеби на секој збор од страна цвикаат плачат.
Какви права бараат ? Имаат право ко на обичен жител во Македонија што не е јасно. Што треба да им дадат знаме да се вее, што бараат не ми е јасно.
Ако е за венчање не мора, ако си е во врска нека си биде во врска.
А за посвојување деца нема шанси да дозволам, ке посвојувале деца тие. Боже боже.
Права права, што права им треба. Ако не ги сакаат не ги сакаат никој не им забранува да живеат. Тебе мислиш сите те сакаат што не крениш бунт против нив. Оди права барај.
Добро де, по Скопје истепаа дете оти го подледна друго дете и сега. Си има полиција ке си одговара исто без разлика за која причина. Што е толку различно ? Сега оти бил геј и заради тоа го претепале, тепачки има за најбанални работи. Си има полиција ке си одговара.Само едно нешто ќе кажам.
Да има такви хомофоби што тепаат и тоа тепаат до мртво.
Имам другар кој е геј и кој го имаат претепано така добро, од една единствена причина што е геј, кој дури од стрес и страв ја има загубено косата.
Што овој човек им згрешил ајде кажи ми?
Само заради тоа што постои????????
Колку не е се толку едноставно како што пишуваш, ама ич.Добро де, по Скопје истепаа дете оти го подледна друго дете и сега. Си има полиција ке си одговара исто без разлика за која причина. Што е толку различно ? Сега оти бил геј и заради тоа го претепале, тепачки има за најбанални работи. Си има полиција ке си одговара.
Ти што си човек ? Хомосексуалецот е човек. Законот е ист, што не е јасно. Хомофоби има секаде не само тука, некои ги тепаат и сега не реков дека оправдувам кажав ке си одговараат.
Значи ти како што права би им дала и како ке спречиш да не ги тепаат. Кога ке им дадат права е тоги кога ке испаднат у буквална смисла кои и што се посилни со права е тогаш не да ги тепаат рачунај ке ги бесат на најдебелите дрва..Немој да сватиш погрешно не јас , е тие хомофоби изнервирани од фактот што добиле права и се шетаат така гордо.
Како млада личност што би сторила ти ? Како би било подобро за нив, што треба да се смени околу правата.
Па никогаш не реков дека може , не го оправдувам да го тепаат. Системот е кај нас таков одговараат пред суд. Е сега тоа колку судот ја работи својата работа е друга тема. Само реков дека треба да одговараат тие луге да лежат. . Не оправдувам да ги тепаат најнормално.Ако ми го прочиташ постот пред да те цитирам првиот пат, пишав таму што мислам за правата.
Да не се повторувам пак.
Не може некој да го тепаат заради сексуалната ориентација, или заради тоа што погледнал некој на криво и не знам какви други глупи и банални работи.
Тоа цело време се обидувам да ти го кажам.