Дали може да сакаш две личности во исто време?

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Дали можи да сакате двајца(за девојки),или две(за момците) во исто време?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Може. Но зависи каква е таа љубов.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Јас отсекогаш мислам дека имам две срца. И двете тераат по својот екстрем. Едното е мирено и сака нежност и сигурност, а другото авантуристички настроено, сака опасност, бега од се што е сигурно. Татко ми ми вика ти носиш дефинитивно две личности во себе. Сум била близнак во стомакот на мајка ми, ама едниот плод не успеал, па цел живот чувствувам до себе некоја невидлива близина. Сум сакала двајца истовремено, а двајцата биле толку рзлични што неможе да се поверува дека една иста личност би ги сакала, па поради тоа си правам шала на своја сметка као ете сестрами го сака тој преку мене, срам да и е што ми се мешка:):):giggle Сега веројатно сум нашла некоја средина и фала богу двете срца ми се задоволени:):)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and WomanInRed

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас сите ги сакам уствари...ама немам време :cool:

Пошто јасно е тука дека прашањето е дали можеш да си заљубен во две личности, ќе речам не.
Можеш да се најдеш во ситуација да чувствуваш нешто за двајца, да се двоумиш, да се возбудуваш...ама секогаш има нешто што пресекува, што ја креира конечната одлука.
Нешто што е посебно и што одредува дека тој е тој со кого сакаш да бидеш на крајот од денот сепак (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Lady*

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Сакање е тежок збор, може само површно т.е. фаза на допаѓање.
А да сакаш двајца одеднаш, тешко. Секогаш ќе има еден спрема кој ќе си повеќе наклонет и кој на крај ќе „победи.“
Ебати таквото сакање. Не можам да замислам како би било да сакаш да се предадеш душевно и телесно на двајца, ама не ми се допаѓа некако замислата. Убаво велат дека оној што навистина го сакаш е оној на кого мислиш пред спиење и е првото нешто на кое ќе помислиш кога ќе се разбудиш. Другово е пролазно.