Мислам дека да.Како помал се сеќавам гледав еден филм и една девојка и еден дечко се мотаа нешто ваму таму,и кога таа помисли дека станало сериозно, отидоа на кафе и овој и вика: 'Знам дека ова што ќе ти го кажам ќе ти биде тешко,ама јас морам да ти кажам.Јас не можам да останам заљубен во една, можам да бидам заљубен во три женски наеднаш.Во моментов ти си една од нив' и оваа не му веруваше нешто,плачеше,се дереше му викаше 'Никој не може да сака повеќе од една личност'.А овој и вика 'Јас можам,ако сакаш можам да те однесам кај мојот доктор'.Не ми текнува како заврши филмот,али на таа сцена се сеќавам.