Прашања?!

Статус
Затворена за нови мислења.

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Не е само кај тебе, кај сите е.
ipopovski да каже што е (wasntme)
Да, прави конфликт поради новата функционалност за промена на име.
Привремено е деактивирана додека не се идентификува проблемот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Во ред е сета таа сензуалност ни фотографскиот форум што лично не ми смета само имам неколку поврзани прашања...

Ви текнало дека ова е форум за дискусии а не sexy фото албум ?
Ви текнало дека форумот не е делче од индексот на порталоте каде обично има рандом слика од некоја секси теткица?
Ви текнало дека 13+ години (законска граница за регистрирање на интернет сајт од општа намена) не е исто со 16/18+ години?
... (слободно допишете си некое прашање за кое сигурно ви текнува во моментов а е поврзано за тоа дека при регистрација нема напомена дека тука може да се најде еротски материјал...)

пс; Не уништувам теми на форумот само сакам да го заштитам од нешто за кое што во моментов не е наменет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ана-Каренина

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
вака
дека форумот е за дискусии а не фото албум тоа е точно
намерно го изоставив зборчето секси, затоа што има цел еден куп на теми во кои мислењата се изразуваат преку фотографии
и напомената во однос на возраста е на место
но
ако гледаме така, тогаш што правиме со темите во кои се води дискусија за сексот?
темите со еротски фотографии, исто во форумот Љубов и Секс?
темите со фотографии, куп фотографии од чевли, ташни, обетки, венчаници, скулптури, ентериерни уредувања, споменици итн итн ?
јас се согласувам дека треба да се отвараат теми во кои мислењата ќе се изразуваат со зборови а не со фотографии
но не може да има двојни стандарди
ако бива да се отвораат теми за фотографии од спавачици, танги, прслуци, ваков стил, таков стил итн итн
тогаш објаснете ми што е спорно кога во форумот кој ја опфаќа Фотографијата како уметност, се отвараат теми во кои мислењата се изразуваат преку фотографии?
ова го пишувам првенствено како член на форумов.

како модератор ќе кажам дека имате право да ја пријавите било која тема и било кое мислења за кои сметате дека на било кој начин ги прекршуваат правилата на форумот или па на било кој начин влијаат негативно
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
вака
дека форумот е за дискусии а не фото албум тоа е точно
намерно го изоставив зборчето секси, затоа што има цел еден куп на теми во кои мислењата се изразуваат преку фотографии
и напомената во однос на возраста е на место
но
ако гледаме така, тогаш што правиме со темите во кои се води дискусија за сексот?
темите со еротски фотографии, исто во форумот Љубов и Секс?
темите со фотографии, куп фотографии од чевли, ташни, обетки, венчаници, скулптури, ентериерни уредувања, споменици итн итн ?
јас се согласувам дека треба да се отвараат теми во кои мислењата ќе се изразуваат со зборови а не со фотографии
но не може да има двојни стандарди
ако бива да се отвораат теми за фотографии од спавачици, танги, прслуци, ваков стил, таков стил итн итн
тогаш објаснете ми што е спорно кога во форумот кој ја опфаќа Фотографијата како уметност, се отвараат теми во кои мислењата се изразуваат преку фотографии?
ова го пишувам првенствено како член на форумов.

како модератор ќе кажам дека имате право да ја пријавите било која тема и било кое мислења за кои сметате дека на било кој начин ги прекршуваат правилата на форумот или па на било кој начин влијаат негативно
Ее имаш право...
Но.
има едно мало но. Во последно време сме сведоци за отварање на теми за фотографии од скоро секој дел на телото. Тоа и не е така лошо ако би имало цел подфорум фотографија а во тој свое катче - еротски фотографии. Точно е дека темите се привлечни за око, но ако веќе се разграничуваат сметам да бидат во свој подфорум. Зашто ако го отвориш целиот форум Дводимензионална уметност, просто изобилува од таки теми кои ги поттиснуваат другите. А тој подфорум е премногу општ.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
гледам и се чудам
и веројатно првпат откако сум член на форумов сум крајно разочарана
не дека тоа е факт кој некому треба нешто да значи

да Ве прашам нешто
форумот Дводимензионална уметност незнам колку време си стоеше со едвај дестина теми
шо не отворивте некоја добра и паметна тема, онака шо би се рекло - тема на место, па да разврзевте интересна некоја дискусија??
реков веќе, лично мене ми пречат сите, но СИТЕ теми во кои има само фотографии
ми пречи дури и темата Сликовити цитати и ја отворам само зашто морам да ја проверам
но, повеќе од сѐ ми пречи кога работите се тераат на инает и кога само се зборува како не чини без да ми се покаже како чини

а толку е просто
не сфаќам зошто си ја трошите имагинацијата смислувајќи намерни мајтапи чија цел е ништо друго освен провокација и потценување?
зошто постојано има замерки дека темите се вакви или такви, најчесто никакви, а освен тоа нема никаква друга реакција, односно речиси никој не се труди да отвори тема таква каква што смета дека треба да биде отворена?

јас како модератор иако имам некакви можности и смеам да бришам теми за кои сметам дека има добра причина да бидат избришани, сепак не можам да си дозволам да бришам само затоа што ја свртевте цела работа на инает
за да се отвори подфорум насловен како фотографија мислам дека е рано, од проста причина што се плашам дека од инает ќе се преполни со секакви глупости

пак ќе речам, пријавувајте ги темите и мислењата за кои имате конкретна замерка и наведете ја таа замерка
во однос на бришење на мислења, можам да си кажам најпрво за себе, но тоа е принцип кој го почитуваат и другите модератори - не се бришат мислења без причина, шо значи дека ако нечие мислење било избришано, така е заради тоа што или било офтопик или било мајтап или било реметење на дискусијата или било навреда или било дел од некаква препирка, да не речам кавга

и сега, да, последните теми очигледно отворени ради мајтап, јас ќе ги префрлам во канта
а Вие продолжете да ја терате работата на инает

глупости
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Квантитет не значи квалитет.
форум/подфорум има разлика.
Ремет тема - воспитна на авторот.
Ако мислиш дека добронамерен совет е инает тогаш фала пријатно останете ми поздравени нема потреба повеќе да коментирам, ако сакате отворете и тема за ноктот на малиот прст од левата рака, некои измислил галерија или фото албум како плугин на форумите а оставил темите, бар оние посериозните, да бидат главно за текстуални мисли можеби подкрепени со слики понекаде или видеа но поентата на постовите треба да е изразена со букви а не фото колекции...

еве непресушен полу производ за сите што сакаат фотки од човечко тело па само докомплетирајте си нови теми што ќе полнат по десет минути на прелистувач...
Код:
http://browse.deviantart.com/photography/?q=human+body
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Некои од твоите предлози признавам дека ми се допаднале,но овој пат сакам да ти искоментирам не ради друго туку само ради тоа што на оваа тема стриктно за овој случај предлозите и критиките се даваат на модераторот на кој сите забелешки претежно произлегоа од мојот квантитет,мислам дека добро ти ја сватив поентата.
Секој совет секогаш ти е добронамерен и ако не ти се прифати тогаш и ти самиот го сметаш дека не е прифатен за инает.
Ако е добронамерен,не секогаш значи и дека е најсоодветен.

Не се мешам во одлуката на модераторот во тој одел од причина што до сега не сум приметила некоја нејзина одлука да е несоодветна или дека за нешто не нашла соодветно решение.На неколку пати не ми беа јасни некои нејзини одлуки но покасно увидував зошто баш така делувала.

Друго ми е прашањето а сево ова сакав да го напишам само ради тоа што се чувствувам виновна а не ради друго туку како што веке можам да увидам, колку вие сите сте заангажирани за разврзување дискусии во како што некои од вас милуваат да напишат,Квалитетни теми.
Критичари и советодавачи колку сакаш.
Како да на некои од вас присуството овде на форумот им е и само ради тоа.
На други форуми вака,на други форуми онака,зар после толку месеци не ви здосади спомнувајки на секој чекор како од искуство сте виделе како е на друг форум и дека затоа сметате дека е проверен модус и треба и овде да се примени.

Како добри и вешти дискутанти на квалитетни теми а истовремено и добронамерници за форумов,дај разработете ги квалитетните и најдете модус како да го направите тоа.
Ако пак такви не постојат,отворете ги и просветлете не како треба да биде.

Јас се декларирам како шалабајзерџија на форумов па за разлика од доста познавачи на форумските тертипи од другите форуми ке си земам за право да кажам дека па макар и со квантитет безквалитетен,ако добро се изразив,колку толку се трудам да направам свој допринос како член на форумов.
Јес да и јас критикувам ама далеку од тоа дека тоа ми е примарна цел овде.

Вака распишана испага дека никаде не поставив никакво прашање,а темата е за прашања,ама неколку постови погоре не видов никаде прашање туку само предлози а сместени овде.
Зарем не бива да даваме совети и предлози и ако се прифатат во ред,ако не се прифатат да биде пак во ред и без мудрувања дека нашиот предлог е најдобро решение.

Ајде да поставам и прашање,до кога ке чекаме од најдобро познавачите на други форуми да се организирате и потикнете квалитет на форумов а со самото тоа и нас почетниците да не упатите како треба а како не треба?
Само со предлози и критики со месеци гледам дека не го постигнувате она кон кое наводно целите и никако да ја смените тактиката.
Ако на вас ви се потребни месеци и месеци за тоа,дајте простор на сегашниве модератори бар денови,недела за одредени корекции.
А за конкретниов случај сум повеке од сигурна дека модераторот ке среди соодветно.
Ама пак џабе ако не среди како што е на другите форуми,нема да чини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Квантитет не значи квалитет.
форум/подфорум има разлика.
Ремет тема - воспитна на авторот.
Ако мислиш дека добронамерен совет е инает тогаш фала пријатно останете ми поздравени нема потреба повеќе да коментирам, ако сакате отворете и тема за ноктот на малиот прст од левата рака, некои измислил галерија или фото албум како плугин на форумите а оставил темите, бар оние посериозните, да бидат главно за текстуални мисли можеби подкрепени со слики понекаде или видеа но поентата на постовите треба да е изразена со букви а не фото колекции...

еве непресушен полу производ за сите што сакаат фотки од човечко тело па само докомплетирајте си нови теми што ќе полнат по десет минути на прелистувач...
Код:
http://browse.deviantart.com/photography/?q=human+body
ако мојот одговор се однесуваше конкретно на тебе, ќе те цитирав или ќе ти се обратев дирекно
ако ме читаш шо пишувам би требало да ти е јасно дека се согласувам со тоа дека од теми со фотографии нема фајде и дека на форум треба да се користат букви, зборови и реченици
кој тераше инает вчера мислам дека си знае, а од такво нешто нема потреба
она што сакам да го потенцирам цело време е дека ако се реагира тогаш треба да се реагира целосно
значи да не се напаѓа само една издвоена област, ами да се нападнат(читај критикуваат) сите и сегде
шо понатаму значи, дека на пр. форумот Мода и Убавина не е Моден фото албум, ако сакам да си одберам фустан, чевли, обетки, прслук ..... ќе си гуглам сама
теми со фотографии има премногу на цел форум, а не само во Дводимензионална Уметност
и ниту една од нив не поттикнува дискусија, ама речиси воопшто
шо би значело дека сите тие теми се апсолутно непотребни

нејсе, да не верглам во место
спорните теми во Дводимензионална Уметност се споени и реорганизирани

пак ќе речам, по незнам кој пат, пријавувајте теми кои се отворени на несоодветни места, теми кои се отворени без врска, теми кои се непотребни......
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
lady_blue ако вратиш страна назад ќе забележиш дека мојот прв пост на маубетов од погоре се однесува на еротизмот, јас се извинувам што после можеби забега маубетов општо за сите теми но дел од тоа е и причината што намерно го изостави сексуалното во темите со слики како што и сама спомна.

Муабетот замина општо за фотографија што и од моите постови ќе прочиташ дека истата не ја подржувам во такво контекст како што е во спомнатите теми за чанти, обетки и тн... Почнав дискусија за едни теми дека не им е место тука или не бар во таков облик а верувам несакаќи од никого муабетот замина кон коментирање за тоа дал совет по автоматизам треба да биде прифатен или окарактеризиран како да е даден од куртоазија дополнета со инат.

Јас се извинувам ако даваќи нешто како совет некој смета по афтоматизам дека тоа е поради ова или поради она што сум видел или направил некаде. Да имав друго име и да не се прикажев во такво светло како што сум од секогаш и секаде никој не би ни ги сватил моите муабети во такво контекс но нема врска. И јас помислив слично кога пред повеќе години еден јак форумски лик цитираше дел од уницев права на децата и со тоа доведе до страшни раздвижувања по форумите низ Македонија. Тогаш се воведоа правила за впишување на година на раѓање па автоматски блокирања на регистрација ако дете како дете внесе помалку од 13, па почна да се применуваат совети дека на некои форумиски делови не им е местото на младите, оние навистина младите. Тогаш и ние повозрасните свативме дека “се што лета не се јаде“ па така и она дека на толкава доза на еротика сметам дека не и е место бар во тој дел на форумот.

Жалам што ќе пишам но искрено, смачено ми е да отворам теми, уствари жалосно ми е да ги гледам истите како пропаѓаат немаќи кој да пише во нив нешто повеќе од два глаголи и по некоја именка се на се, а контра на тоа без срам и перде ќе лупне демотивација, 9gag, или некоја друга слика без контекст и нзс но некоја тема која нема допирни точки со оф-топик тематика.

За крај. Мое мислење е дека не се созрева како форумџија читаќи совети од некого како да се биде добар форумџија туку напротив читаќи теми од сите калибри и тематики самосвесно се заклучи што е тоа доброто и што е тоа квалитетното кон кое треба да се стремиме а она нискоквалитетно да го отфрлиме како неподобно и непродуктивно. Се надевам бев јасен во нејаснотијава нафрлена да се долови ефектот на што е тоа доброто (и треба да го следиме) а што е лошото и треба да го минимализираме...
 
Статус
Затворена за нови мислења.