искрено не се согласувам
од една причина
човековото тело е неисцрпна инспирација за истражување и создавање на дела од различни области на уметноста
нималку не е лесно, особено кога се работи за сликарство и уште повеќе за фотографирање, да се пренесе став, размисла, видување, доживување на вистинскиот начин
некому тајна која сака да ја открие му се очите, на друг усните, на трет ликот, на четврти торзото, некој си игра со светлината и сенките, некој повеќе сака да си игра со боите.... итн до бескрај
кој точно е вистинскиот начин за да се пренесе она што е замислено, односно да се реализира она што е нечија идеја, е прашање кое има различни одговори, а секој одговор во својата суштина крие преферирање на одреден стил, односно правец во уметноста (некој сака импресионизам, некој експресионизам, некој е минималист, некој поинтилист.... )
па би рекла дека целта на темите е да се даде ваше видување, преку постирање на фотографии за кои вие сметате дека одреден уметник (убаво би било да се наведува кои се авторите на фотографиите, но и не мора) на дадената тема одговорил на најдобриот начин
да се соберат сите тие теми во една, насловена човечко тело, е премногу општ и непрегледен пристап
јас би имала само еден предлог : кога се постира да не се постираат премногу фотографии одеднаш, во едно мислење, повторно заради поголема прегледност