
Да, иако расното привлекува повеќе, не се чувствувам убаво и жал ми е кога ќе помслам дека милиони кучиња се стерилизираат секој денМене ми е важно.
Единствено нерасно милениче кое сум го чувала е една мачка која ја добив како подарок.
Да се разбереме, заштитник сум на животните и ги сакам, но јас дома не би чувала мешанче.
Прво, не знам што карактер ќе има (не сакам кучето цел ден да дреми на кревет и да биде премногу флегмантно);
Второ, не знам колкаво ќе биде (во ниеден случај внатре не би чувала куче со големина на Самојед или Германски Овчар);
Трето, за расното милениче можам секаде да се информирам за дресирање и за болести. За нерасното не можам.
Кога го земав моето куче важно ми беше да не се митари (Малтезерите не се митарат), важно ми беше да е темпераметно, живо, интелегентно, но и да се прилагоди лесно на новата средина. Тоа го најдов во Малтезерот.
Да, и нерасното ќе се прилагоди, ќе ме сака и сето тоа, ама не е исто. Мене не ми е.
Затоа секогаш бирам расно милениче.
. И многу би била среќна кога барем на едно куче би му помогнала и би му обезбедила топол дом и јадење. Тогаш ќе се исплнам.
, но не сум дел од тие луѓе што зборат на празно за тоа дека сакаат мешано куче и лажат. Кога би ми се дала шанса да имам куче, нема да ми е важно дали е расно или мешано. Не сакам да се карам, само си давам свое мислење 
Мене помили ми се уличните, сите кучиња кои сум ги чувала до сега се земени од улица и спасени од сигурна смрт. Ама за возврат од нив добивам многу. Неизмерна искрена љубов, радост кога ќе ме видат дека доаѓам дома иако ме немало само половина час, пафтање со опавчето од радост.... Со земање на улично животнинче добиваш љубов без пари, а спасуваш и нечиј живот.
имам расно куче, ама имам чувано и мешанче и нема никаква разлика
и двете се мили и прекрасни 