Колку ви е важно да имате расно милениче?

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
22
Не е тоа важно што се однесува до мене. Од секогаш сум сакала куче од раса Леси, но до пред некое време сфатив дека не е важна расата, туку љубовта и верноста што што тоа куче/маче... ти ја дава. :)
 
  • Like
Реакции: LMFAO and red_rose

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Мене ми е важно.
Единствено нерасно милениче кое сум го чувала е една мачка која ја добив како подарок.
Да се разбереме, заштитник сум на животните и ги сакам, но јас дома не би чувала мешанче.
Прво, не знам што карактер ќе има (не сакам кучето цел ден да дреми на кревет и да биде премногу флегмантно);
Второ, не знам колкаво ќе биде (во ниеден случај внатре не би чувала куче со големина на Самојед или Германски Овчар);
Трето, за расното милениче можам секаде да се информирам за дресирање и за болести. За нерасното не можам.
Кога го земав моето куче важно ми беше да не се митари (Малтезерите не се митарат), важно ми беше да е темпераметно, живо, интелегентно, но и да се прилагоди лесно на новата средина. Тоа го најдов во Малтезерот.
Да, и нерасното ќе се прилагоди, ќе ме сака и сето тоа, ама не е исто. Мене не ми е.
Затоа секогаш бирам расно милениче.
 

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
22
Мене ми е важно.
Единствено нерасно милениче кое сум го чувала е една мачка која ја добив како подарок.
Да се разбереме, заштитник сум на животните и ги сакам, но јас дома не би чувала мешанче.
Прво, не знам што карактер ќе има (не сакам кучето цел ден да дреми на кревет и да биде премногу флегмантно);
Второ, не знам колкаво ќе биде (во ниеден случај внатре не би чувала куче со големина на Самојед или Германски Овчар);
Трето, за расното милениче можам секаде да се информирам за дресирање и за болести. За нерасното не можам.
Кога го земав моето куче важно ми беше да не се митари (Малтезерите не се митарат), важно ми беше да е темпераметно, живо, интелегентно, но и да се прилагоди лесно на новата средина. Тоа го најдов во Малтезерот.
Да, и нерасното ќе се прилагоди, ќе ме сака и сето тоа, ама не е исто. Мене не ми е.
Затоа секогаш бирам расно милениче.
Да, иако расното привлекува повеќе, не се чувствувам убаво и жал ми е кога ќе помслам дека милиони кучиња се стерилизираат секој ден :(. И многу би била среќна кога барем на едно куче би му помогнала и би му обезбедила топол дом и јадење. Тогаш ќе се исплнам.
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
^^ Деа, ете, има многу луѓе како тебе што велат „ех, да имам можност ќе им помогнам.“ Кога сите тие што тоа го велат, би зеле во двор, на тераса или било каде, по едно мешанче од улица, драстично бројот на улични кучиња би се намалил.
Но, едноставно на секого му е поубаво дома да си има чивавче, малтезерче, шкотско овчарче или не знам ти какво. За многумина е понижување да речат дека чуваат мешанче.
Не сфаќај ме погрешно, знам дека имаш 13/14 години и можеби родителите не ти дозволуваат да земеш куче, но мојов пост беше општо за сите. Има луѓе со огромни дворови, кои се декларираат како љубители на кучињата, а сепак не се одлучуваат да земат мешанче. И во темава ќе ги има, 90% од форумџиите ќе речат дека не им е важно да имаат расно милениче.
Истава тема се разви и на еден друг форум, затоа и ја претпоставувам ситуацијата и овде.
Лесно е на форум да речеш, но реално колку е тоа така?!
 
  • Like
Реакции: Aaliyah

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
22
А зошто пак да им е срам да кажат дека е мешаниче? Не ги разбирам тие луѓе. Добро, знам дека сите си имате различни мислења... па затоа и јас си го кажав своето. Немам милениче за жал, како што погоди моите не ми дозволуваат :), но не сум дел од тие луѓе што зборат на празно за тоа дека сакаат мешано куче и лажат. Кога би ми се дала шанса да имам куче, нема да ми е важно дали е расно или мешано. Не сакам да се карам, само си давам свое мислење ;)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Деа, ти кажав да ме сфаќаш погрешно, но тоа се случи. Ова е фроум, овде има дискусија. Сите ние различно мислиме. Јас не го напишав мислењето за да се караме, туку си кажав мое мислење. Го напишав твоето име бидејки ти одговори дирекно на мојот пост. Како што реков, мојот пост беше општо за сите. Ете, твоите не дозволуваат да имаш куче, во ред. Не велам дека лажеш, напротив. Ти верувам. Јас имам 16 години, но моите родители се љубители на кучиња, затоа ми дозволија.

Зошто им е срам? Ни јас не ги разбирам. Ете, понижување им е. Тоа се оние луѓе кои земаат куче за да го прошетаат пола саат во парк, луѓето да се „воодушевуваат“ на расата и толку. Дома кој го ферма. ЗАтоа тие бираат расно. За да се пофалат пред друштвото колку пари го платиле... Нив тоа им е важно. Но, мнозинството од тие луѓе ќе речат „јас би вдомил мешанче, ама немам услови.“ Ете, постојат и такви луѓе...
И пак ќе речам, не се карам. Давам мислење. Не сфаќај ме погрешно.
 

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
33
58
1,018
За мене човек кој сака само расни миленици , не е љубител на животни и не го сврстувам во таа група.

Јас ги сакам животните, сите без исклучок. Кога вдомувам животинче, го вдомувам заради љубов. А секое животно знае да даде љубов, без да побара ништо за возврат, независно дали е расно, мешано или обично улично џукелче(уф ме нервира зборот џукела, ама го пишувам за да објаснам). Секое улично куче или маче може да биде добар миленик, ДОКАЖАНО И ПОТВРДЕНО.
И не е точно дека секој повеќе сака расно милениче. Јас кучето не го земам заради моден додаток, а сведоци сме дека денеска посебно малите раси на кучиња дури и се злоупотребуваат заради тоа што нивните газди сакаат кучето да биде облечено во тон со нив:eek Мене помили ми се уличните, сите кучиња кои сум ги чувала до сега се земени од улица и спасени од сигурна смрт. Ама за возврат од нив добивам многу. Неизмерна искрена љубов, радост кога ќе ме видат дека доаѓам дома иако ме немало само половина час, пафтање со опавчето од радост.... Со земање на улично животнинче добиваш љубов без пари, а спасуваш и нечиј живот.
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
694
93
30
Скопје
Воопшто не ми е важно да е расно, што има врска расата, ако го сакаш - ќе те сака :) имам расно куче, ама имам чувано и мешанче и нема никаква разлика :) и двете се мили и прекрасни :)