Колку што и леќите на Зен ги имаат користено?
Освен The Game во Martians & Goblins,Hopsin и Godemis од CES Cru,немам видено други да ги користат леќите во музички спотови
Инаку он-топик,језда последниот албум не е баш тоа што очекував,сепак мора да кажам дека Тонио за мене е подобар MC од Toни Зен. Независно дали во неговите рани денови кога беше со Урбана Димензија(за мене тогаш Тони беше некоја бледа копија на Пикисипи од САФ) или сега,кога снима фенси рапче за популарност.
Можеби е затоа што повеќе претпочитам старошколски рап пред новата школа,можеби затоа што сметам дека Тонио има поголем лирички дијапазон од Тони Зен. Освен тоа,верувам дека многу би го исплукале Тонио за социјалните теми и сиромаштијата,но далеку од тоа дека тие му чуле повеќе од 4 песни.
Негов филм е уствари самурајскиот,и поштува мистицизам. Ако подлабоко ги преслушате неговите албуми,ќе сфатите дека тие социјални песни и песни за сиромаштија кои ги зборите се само оние за кои има направено спотови. Наспроти тоа,Тони не може да се пофали со некоја богата дискографија,а ни пак со некоја песна што оди подлабоко од его буст. А во живо е сосема поразличен и е прилично скромен,како и Тонио.
Тонио исполнува поголем дел од елементите од хип-хоп културата,освен со рецитирање се бави и со продукција во последно време,плус тоа црта графити,ги има повеќе низ Скопје.
Незнам колку ви е познато,но Тонио заедно со Кинг Физи издадоа и стрип,насловен Фацизам,интересна приказна има и занимлив би бил за љубителите на стрипот