Фак, сега треба да чекам до фебруари.
Ниту една друга серија не успева како TWD совршено да искомбинира акција и драма. Постојано си на работ од столчето, што се вика. Опасни ситуации во кои се заплеткани повеќето ликови, те тераат дури да му се развикаш на екранот ко некоја бабетина кога гледа турски серии, "Аман, немој тоа да го правиш, мори!". Сите што серат за серијава (а не ја пратат), всушност немаат појма дека интересното не се зомбињата. Филозофиите и поучните пораки кои ја носи серијава за човечност, пријателство, милост, борбеност, надеж, верба, итн. ги нема во друга серија.
Туку, многу ме нервира детено. Океј, дете е. Страв му е, прв пат се соочува со зомбињата, уште ништо не знае... океј, разбирам. Но, ужасно ме нервира. Мамо, па мамо.

Треба да му ги залепат рацете и устата со duck tape и само нека иде по нив, толку.
Знаев дека Дејана ќе го јаде у моментот кога им донесе нацрти за градот. Имам чувство дека целава сезона (после сите срања) ќе заврши така што на крајот ќе си се вратат назад во Александриа и ќе почнат да го градат според нацртите нејзини. У стил, we still believe.
Се надевам дека таа докторката ќе преживее, не е фер да ја повлече ѕверон со неа. Глен веројатно ќе ја спаси Меги некако. Керол ќе му избега на црнецов (ваљда ќе се смират принудени да работат заедно за да преживеат) и ќе се спои со Рик и компанија. Е сега, како ќе се спасат Рик и компанија после дебилниот потег на детено? Дали некој ќе го окрка? Можеби свештеникот? Или мајката на детето? И свештеникот нема да и помогне зошто му рече на Рик дека нема да се врти назад по никоја цена. Останува да видиме... тек во фебруари.