Serie A 2014/15

Кој ќе биде шампион на Италија?


  • Вкупно гласале
    7
  • Poll closed .

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
LegaSerieAlogoTIM.png


Се ближи почетокот на новата сезона во Италија а тоа е 31 август, па бидејќи гледам нема тема се решив да отворам. Прво да си кажам дека не ги пратам многу италијанските тимови и не знам баш многу за нив, па затоа дека прв пат ќе ја пратам италијанскава лига очекувам сезонава да е интересна и да има интересни и неизвесни утакмици.

Од 2004 се натпреваруваат 20 тимови, така ќе биде и оваа година, 20 тима ќе се борат за титулата. Нови 2 тима кои влегоа во првата лига се Палермо и Емполи, а во втора лига паднаа тимовите Болоња, Катанија и Ливорно. Во борба за титулата, а и за местата кои водат во Лига на Шампиони и Лига Европа очекувам да има повеќе тимови, како на пример Јувентус, Милан, Интер, исто така тука е и Рома и уште неколку кои верувам ќе ни дадат убави утакмици за гледање.

Актуелен шампион е Јувентус кој ја заврши сезоната со 102 освоени бодови, 2 порази, 3 нерешени и 33 победи. Второ место беше Рома која имаше 17 бодови помалце. Јувентус е и најтрофејниот клуб во Италија со 30 освоени титули, второто место го делат Милан и Интер со по 18 освоени титули, другите тимови сите имаат помалце од 10 титули.

Пренос на нашиве телевизии не верувам да има, значи ќе си гледаме на нет или во кладилница :zelen. Верувам има фанови на италијански тимови па ќе можеме да пишеме по некој збор и да коментираме утакмици. Еве на пример знам дека @Хоуп* навива за Милан па затоа кога ќе почне сезонава ја чекам на темава :zelen. Толку од мене сега за сега, се читаме на почеток на сезона. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Јас во италијанската лига сум за Милан, ама да бидеме реални Јувентус е главен фаворит според мене па затоа гласав за нив. :)
И оваа лига не е атрактивна како што била порано.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
После една мноооогу слаба сезона за Милан, годинава очекувам многу повеќе од нив. Инзаги го гледам ептен посветен ми е ко за старт, Ел Шарави е целосно закрепнат, а се надевам и дека Балотели нема да си иде. Башка имаат и некои добри подмладоци од Јуниор тимот, па ќе видиме.

За лигава, само нејзе ја следам од фудбал, ги пишувам и на спортска и секогаш е Милан оној кој ми го паѓа ливчето :D
 
Последна промена:

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Овие жабариве се најголемите местачи во фудбал. Наликуваат на шведската и турската лига, има тимови што играат по 10тина прелази 2/1 или 1/2 во сезона.
Фаворит е џубрентус и пак ќе ја зграпчи титулата, иначе за никого не навивам од оваа лига.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Прва работа Мајоре, незнам јас за никаков џубрентус, немој да се вреџаме :D
Второ, и не е баш фаворит, со оглед на тоа дека е прилично разнишан клубот по оставката на Конте, и доаѓањето на Алегри.
Рома веќе доведе одлични засилувања, така да ќе гледаме интересна сезона.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас знам за лимонтус и макаронезе, не знам дали се уште прва лига, ама ми имаат останато во меморија некаде, лигашкиот фудбал и онака за мене завршува кај Ла Манш :zelen
Е сега знам за Милан пошто често играа со англиски екипи порано во ЛШ па имаше и две финалиња со Ливерпул од кој едното беше многу јако, лани со Селтик играа исто во ЛШ, веројатно е најпозната екипа од Италија.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Јас знам за лимонтус и макаронезе, не знам дали се уште прва лига, ама ми имаат останато во меморија некаде, лигашкиот фудбал и онака за мене завршува кај Ла Манш :zelen
Е сега знам за Милан пошто често играа со англиски екипи порано во ЛШ па имаше и две финалиња со Ливерпул од кој едното беше многу јако, лани со Селтик играа исто во ЛШ, веројатно е најпозната екипа од Италија.
Кај најде па за тие фосилите да коментираш... да не речам со други зборови 250 години е најмладиот.
Прва работа Мајоре, незнам јас за никаков џубрентус, немој да се вреџаме :D
Второ, и не е баш фаворит, со оглед на тоа дека е прилично разнишан клубот по оставката на Конте, и доаѓањето на Алегри.
Рома веќе доведе одлични засилувања, така да ќе гледаме интересна сезона.
Рома кондициски се слаби, прават 10 победи со ред и после 10 изгуби...а тој џубрентус го викам зш ме имат заебано на ливче 10тина пати.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кај најде па за тие фосилите да коментираш... да не речам со други зборови 250 години е најмладиот.

Рома кондициски се слаби, прават 10 победи со ред и после 10 изгуби...а тој џубрентус го викам зш ме имат заебано на ливче 10тина пати.

Па тие ми се колку толку познати, сепак е бренд, таму играат Балотели и оној Сидорф, другите слабо...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Епа почнаа и италијанциве конечно. :)
Во првото коло на победа се радуваа 6 екипи, денес на дербито Милан - Лацио, победа на Милан 3:1. Вчера Рома 2:0 против Фиорентина и Јувентус 0:1 против Киево. Само Интер од овие појакиве одигра нерешено 0:0 против Торино. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Оваа лига веќе неколку години се уназадува во секое поле. Пред некоја година им се намали за -1 место во ЛШ и што уште да очекуваме од таква лига. Како најлесно да ви објаснам.... ај преку пирамида.

Прво место: Јувентус
Второ место: Ќе го брка до самиот крај Рома и пак на крај ќе биди втора. Лузерски менталитет, а и нема да издржат толку натпревари, затоа што играат во ЛШ.
Се борат за место во ЛШ: Милан, Интер
Средно мизерни екипи: Наполи и Фиорентина


Околу трансферите, еден Јувентус не може да си дозволи квалитетен фудбалер да купи, па еден Евра што играше долго време во Јунајтед ми беше незгодно да не си го платил сам билетот за да стигни до Торино, па камоли да купат нешто поскапо. Повеќето трансфери во Италија е разменување на италијански фудбалери меѓусебе или по 50% сопственост итн.

Единствено Милан знае да заебе некој и за 0 да направи екипа солидна, ако ништо друго да опстани во лигата.