Интересно е што во темава коментираат членови кои се`уште немаат деца, па се` е лесно да се каже, ама во пракса не е така лесно.
Муабетот ми е...едно е да ги воспиташ децата, да ги научиш да разликуваат што е добро што лошо, а друго е да им да деш слобода...
Зошто не би му се дало слобода да скокаат да трчаат, да се валкаат, да се бркаат, да играат што сакаат и како сакаат а не како што ќе им се каже...па тоа нормално, здраво дете треба да го прави, да биде физички активно, да развива моторика на тој начин, да истражува се` околу себе на свој начин, така ја развива креативноста, да станува кога сам ќе падни, да се качи некаде без ничија помош...
Ама жално е што денес за се` на децата им се вика НЕ, НЕМОЈ, НЕМОЈ ТАКА...и за да се избегне сета драма околу тоа, се чучнува детето пред тв, телефон или компјутер и тоа блее со саати, и сите мирни...детето мирно, родителите мирни, не мора да трчаат по него и да викаат...не му даваат само да јади зашто ќе извалка, па ги ранат пред компјутер до шесто одделение...жално...