Јас да кажам, било што пред да се почне, да се направи крвна слика и после според неа да се створи неделното мени.
Само напред!Спортската опрема подобро ти стои од оделото и краватата.Тешко иде кај мене...мускулите ме болат скоро три дена,кондиција никаква,желба преголема,туширање после 22 на ефтина струја,скокање по паркет.Исхраната слабо ја терам,не дека не сакам,нити иам време да шетам по маркети,нити пари да се двојам од домашната кујна.Идеме понатака додека се има желба.
Можно е да е и болдот.Јас луѓе мили сум препрепрезадоволна од досегашните резултати. 11 дена вежбање, стомакот намален за половина од тоа што беше, на рацете имам мали, малечки мускулчиња, а листовите на нозете ми се камен тврди. На вага ни едно кило немам минус. Или е до вагата, или сум биднала целата мускули .
Одам понатака, а мотивација имам до небо.
Абе здраво нездраво битно слабеење е.
Ја планирам со гладување да ја терам програмава е не е баш гладување ама изгладување (имам доста залихи) па ќе видам од што попрво ќе ослабам.
Ама јас не се изгладнувам само место 5 пати во денот јадам само еднаш и пијам многу течности исто така исфрлам некои категории на храна како да ги наречам т.е се што сметам дека е нездраво го исфрлам (маснотии, шеќери, тестенини, брзи храни, леб најбитно итн). И секогаш сум во движење за кога ќе се враќаат килата да не се вратат сите а барем пола и се така додека не дојдам до килажата што ја сакам. После тоа ќе гледам да ја задржам некакоПоголема грешка од изгладнување не можиш да направиш, ако целта ти е губење на килограми. Прашај кој сакаш фитнес тренер или слично. Не е ни здраво...Убаво си напиша @Saladin прво крвна слика, па потоа рестрикција во исхраната, а гладување во никој случај. Со изгадување не се губат килограми. Со здрава исхрана и вежбање се губат.
Јас би рекла дека секоја тежина се намалува значително со исфрлање на лебот и благото и подготвување на оброците само со вода и тоа е тоа. Наместо пржено-варено. И секако без движење, вежбање и пиење многу вода, залудна е секоја диета.
По малки поначесто консумирањето на храна е стандардниот кошер за одржување на линија, така да овде игра само улогата на силна воља колку човекот ќе „издржи“ да не си направи обилен оброк, бидејќи еднаш ако направи и тоа на почетокот на диетата (диета - начин на исхрана а не тежок режим), можно е да се створи постепен домино ефект.^ Само лошо си правиШ со јадење еднаш дневно. Токму спротивното од неколку помали оброци.
Со единствениот дневен оброк што го практикуваш ти, му правиш шок на организмот, не внесуваш доволно „материјал за работа“, па организмот наместо да троши и согорува, складира во случај пак да му се случи таков вид на шок. Додека пак со неколкуте помали оброци, организмот повеќе работи, метаболизмот се забрзува и мастите почнуваат да се топат. Секако не треба тие оброци да бидат преобилни и прекалорични, тоа знаеш.