1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Insanity workout

Дискусија во форумот 'Фитнес и рекреација' започната од Farfalla, 22 април 2014.

  1. Farfalla

    Farfalla Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    455
    Допаѓања:
    1,012
    Insanity workout е домашна фитнес програма која трае 60 дена, а тренер е Шон Т. Секој ден со различен распоред, шест пати неделно, еден ден одмор. Прилично напорна, кардио базирана and it makes me go insane.
    Лично, јас сум при крај со првата недела и кога вежбам мислам дека ќе си приумрам, ама чувството по завршување е оргазмично. Некои вежби не можам да ги направам правилно, но со тек на време сигурна сум дека ќе биде. Во одредени моменти го мразам човеков, почнувам да викам од мака, ги мразам тие околу него што така лесно ги прават вежбите, ама од друга страна ми е тотално мотивирачки. Особено што гледам дека целулитчево почнува да се топи. На крај, почетокот е тежок, ама знам дека можам. Успеав многу, па за едноцифрена бројка на килограми не се сомневам.
    Ја пробал ли некој програмава? Ваши искуства?
     
    На Aleksis, Точка, escape и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,178
    Допаѓања:
    2,240
    И јас ќе почнам да вежбам според програмава :) интересна работа е вака на видување не ми изгледа многу тешко само многу скокање има но кога ќе почнам ќе видам како е. Туку имам еден предлог ако сакате да се собереме така повеќе што сакаме да вежбаме според програмава и да вежбаме некаде заедно мислам дека ќе ни биде интересно и плус ќе се мотивираме едни со други. :)
     
    На diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Никако не ми иде дома вежбањето,легнам ли на грб ке видам некоја пајажина па прекинувам да земам метла или легнам на стомак ,опа колку трошки па ајде по усисивач.Вежбање само надвор од домашни услови.
     
    На Gemini, JaMi, violetmoon и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,178
    Допаѓања:
    2,240
    Ааа тоа се екстра ефекти па посебно кога се пушта правосмукалка па уште и ако ти се погоди ко мојата стомачни, бутови, задник, раце се ти опфаќа. :D Шала на страна сериозно ако има заинтересирани да ја вежбаме програмава некаде надвор нека се пријават :)
     
    На diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Farfalla

    Farfalla Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    455
    Допаѓања:
    1,012
    @Notice дефинитивно не се така лесни вежбиве за правење како кога ги гледаш згоднине девојчици како потскокнуваат со леснотија.
    Тешки се, топат, последните минути од кожа ме вадат колку се напорни, ми се тресе половината и половина час по завршување.
    Јас се сликнав пред да почнам, ќе се сликнам по завршување на првиот месец, чисто за споредба. Мислам дека ќе има резултати.
     
    На escape и diva orhideja им се допаѓа ова.
  6. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Одам на зумба во К.вода кај стара рампа и засега ми е добро,кога ке ми здосади се префрлам на аеробик.
     
  7. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,178
    Допаѓања:
    2,240
    Добра идеја со сликањево знам дека не се лесни ама некако лесно изгледаа :) а кога ќе почнам уште кај првата вежба ќе заглавам ама белким нема да се откажам :)

    Абе каква зумба ова е боље :)
     
    На Farfalla и diva orhideja им се допаѓа ова.
  8. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,178
    Допаѓања:
    2,240
    Ова е стварно успех, најверојатно со истава програма вежбала
     
    На JaMi и diva orhideja им се допаѓа ова.
  9. Точка

    Точка Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 декември 2013
    Мислења:
    41
    Допаѓања:
    68
    Еј, и јас ја имам симнато Insanity-програмава. :)
    Одамна планирам да почнам, ми се допаѓа тоа што можеш дома да вежбаш, во било кое време од денот, а и плус читав доста позитивни коментари. Штета што никако не можам да се решам да почнам, пуста мрза... ама ќе биде еден ден. :)
    Како што ѕирнав, има и план со исхрана, соодветен на вежбите. Ама некако тоа е поспецифична храна, барем мене така ми изгледа. Вие пробувате да го почитувате тој режимот на исхрана? :)
     
  10. Samurai

    Samurai Нов член

    Зачленет на:
    24 април 2014
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    13
    Значи програмава без соодветна исхрана е убивање на телото или трошење време. Во случај да се изгладнуваш, да глумиш здрава индивидуа со јадење само на овошје, зеленчук и пиење млеко = Убивање. А во случај да глумиш спортски тип кој вежба 6 пати во неделата интензивно а после тренинг ке се напука со чоколадо, бели пецива и сл. = Трошње време. Е сеа вие одберете... Ако имате со програмата за вежбање + нутриционистичка програма тогаш пробајте во спротивно јас не би почнувал со ова, но сепак тоа е индивидуално.
     
    На JaMi и diva orhideja им се допаѓа ова.

Сподели: