Body positivity или глума? И дали е тоа воопшто наша работа?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да ја почнам темава со тоа што апсолутно се сложувам дека секој човек е приказна за себе и заслужува да се чувствува убаво во своја кожа, така што тотално ги поддржувам сите плус-сајз девојки и момци, сите што се рамни и послаби од „идеалното“, како и сите што се со „идеални“ облини.
Како и да е, сметам дека секогаш постои одредена граница каде завршува здравото и преминува во некој вид пропаганда и промовира телесна дисморфија. За два екстремни примери ќе ги земам пејачката Лизо, која се залага за fat acceptance и против body shaming, што е одлично, но не мислам дека со своите ~140 килограми (неофицијална информација што ја најдов повеќе пати) промовира и нешто што е здраво. На другиот крај на спектарот, ми текнува за една јутуберка, Јуџиниа Куни, која е страшно анорексична и сигурно стотина килограми послаба од првонаведената. За жал, девојката има(ше) телесна дисморфија со која константно се бори, но има луѓе што ја поддржуваат и „им била чудна“ што се поправила 2-3кг.
Токму поради вакви примери на коментатори и екстремисти, сметам дека се добива лоша т.е. погрешна слика за нешто што треба да се стремиме да го прифатиме ко нормално. Задоволен си од своето тело? Супер за тебе, но креирање на некакви безбедни групички каде ќе се тапшаме по рамо, е подеднакво лошо ко идиотите кои коментираат секакви грозотии по интернет ако не им се допаѓа изгледот на личноста. И самата сум била и на двете страни и не сум се чувствувала здрава, ниту среќна кога имав 74 кг, ниту пак кога си нанижав уште повеќе здрвствени проблеми со изгладнување и стигнав до кај 50ина кг. Секако, во двата случаи бев исмевана и критикувана. (think)

Статијава за плус-сајз Македонки на сајтот на ЦБ ми ја даде идејата за темава. Горе-долу ги имам сретнато девојките по нет, едната беше и на форумов кратко и сметам дека профилите им се солидно набилдани, секоја со свој стил и нема ништо спорно (ок, некаде има некои едитирања, ама нека го фрли прв каменот тој што нема сменето ништо на слика).
Она што ме изиритира, беа коментарите од одредени ликови, посебно две машки персони, од кои едниот секако беше потпишан со презимето Македонски и лавови по профилот, кои ги навредуваа девојките без да бираат зборови.
„Свињи што ги мрзи да се движат и сакаат да гмечат навечер. Ќе умрат сами такви никакви...“.
А, не заостанаа ни коментари од женски дека се „бишки“.
Некако ко „за чудо“, сите тие профили ко да не си ги гледаат аномалиите и едитирањата на своите слики, но ајде...

И? До каде е безбедно да се оди со промовирање дебелина или анорексија?
Зошто па толку некои сметаат дека е наша работа да укажеме на личности дека се „свињи“, „даски за пеглање“ или „рачки од метли“?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Како особа која има варирано од 68 до 104кг можам да кажам дека нема ништо добро во носење непотребен товар од 20+ кг тоа е како да треба да носи човек пола вреќа цемент на грб цело време, тоа е нивото на оптеретување на органите и кардиоваскуларниот систем.
Кога имав 68-74кг на 183цм, веројатно 5-8 кг помалку од онаа скалата за идеална тежина, ми беше најдобро, се осеќав совршено во свое тело. Она кога пролетував до шести спрат без да се задишам. Од друга страна со 104кг ми беше гадно и никакво, лош филинг.

Не гледам причина да се подјебаваат дебели или преслаби лица, но да се прифателе морбидно дебели или нездраво анорексични лица е само уште едно во низата декадентни срања кои доаѓаат од Империјата и општо од first world.
И двете се симптоми на болест и како такви треба да се третираат. Во САД имаше случаи каде особи беа толку дебели што немаше шанса да пројдат низ врата па мораа да уриваат ѕид за да ги изнесат од соба за операција или нешто така :franticОсовината и амортизацијата на џипот отидоа :D додека го носеа ликот со 500+ кг кон болница.


Но сериозно, на што личи тоа особа да се запушти до таа мера да има 50+ кг на себе. Настрана здравствени проблеми, настрана тешки мириси, настрана неможност за детална хигиена, што е тоа кое треба да се прифати тука?!
Во никој случај не треба да се исмева, но во иста мера не треба да се прифаќа како нормално.
Фоткиве на дебели жени ми се исти како фотки на анорексични модели кои делуваат како да биле статисти во Шиндлерова листа.
Ако некој навистина има добра намера тогаш ќе им укаже дека имаат вишок кг, ќе ги упати на скалата да видат која тежина плус минус 5-6 кг им е идеална према висина и конституција и ќе ги охрабрат да намалат килажа. Или да наголемат во случајот со преслаби особи.
Тапшање по рамо само ќе ја ескалира ситуацијата па од 140 кг наредна година ќе бидат 147 па 154 итн.

(Њу)Баланс.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Америве се кринџ над кринџот. Не постои тема значи во која некоја „слободоумна“ и „активистка“ со Тамблр блог не може да најде нешто од кое ќе се навреди.
Мислам, навистина има прекрасни луѓе со вишок килограми (глупости, ко да килажата те прави добар или не), а погорниве прават некакви екскурзии без цел.
Што, побогу, е ова?
Има неколку типки вака што со многу добри поенти (не дека треба некои па добри поенти за да се побие ова де) им објаснуваат колку се токсични, ама...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Америве се кринџ над кринџот. Не постои тема значи во која некоја „слободоумна“ и „активистка“ со Тамблр блог не може да најде нешто од кое ќе се навреди.
Мислам, навистина има прекрасни луѓе со вишок килограми (глупости, ко да килажата те прави добар или не), а погорниве прават некакви екскурзии без цел.
Што, побогу, е ова?
Има неколку типки вака што со многу добри поенти (не дека треба некои па добри поенти за да се побие ова де) им објаснуваат колку се токсични, ама...

Па нормално, кој би земал совет за здравствена ствар од особа со 100+ кг на себе, не знам таквите луѓе како не ги јаде срам коа солат памет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Дали имам изгледано милион видеа со дебилни активисти, теории, масони, итн.?
Имам, премногу.
Дали ова е можеби и најглупавото нешто што го имам видено?
Дефинитивно е некаде на врвот....

Секако, не видеото на типот, туку активизмот на типката и посебно споредбата со сексот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Дали имам изгледано милион видеа со дебилни активисти, теории, масони, итн.?
Имам, премногу.
Дали ова е можеби и најглупавото нешто што го имам видено?
Дефинитивно е некаде на врвот....

Секако, не видеото на типот, туку активизмот на типката и посебно споредбата со сексот...

Језиво, оваа е morbidly obese нема фамилија френдови некој да ја потсети дека не тера долго ако продолжи вака.
Ама вакви примероци треба да се пратат на робија а не да крекаат по јутјуб...

Е сега знам од искуство коа бев 68кг најближа породица се сомневаа дека сум на Хероин :D а јас бев на еврејски режим кошер храна со бејзик еврејски вежби, кога ќе изгубиш 20+кг веднаш луѓе се сомневаат пошто не ме имаа видено со месеци ајде некако. Тоа е некоја предрасуда кога човек ослабува, не гледаат дали си добил на мускулна маса, веднаш им текнува на дрога.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Па добро, да, кај нас нема нешто ко диета, туку „сирот/а, сигурно е од нешто опасно болен/на“ или „гнида наркоманска, на човек не личи, сигурно е хероинаш, слушај ме ти мене, јас таквите ги познавам одма, ехеееее“, пошто пу-пу да си решил/а да се храниш поздраво. :D

Ама пак за нијанса ми се појезиви овие „на мене и водата се лепи“. Имаше едно видео од една жена од некои 300 кг. кај Др. Фил, па мене ми се заврте што таа јаде за еден ден. Толку за две недели не можам да изедам.
Па сестра ѝ уште вика подобро се хранела оваа од 300 кг. од неа. :frantic
Enablers се убедливо најгадниот тип луѓе и заслужуваат посебен круг во пеколот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sensitive and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па добро, да, кај нас нема нешто ко диета, туку „сирот/а, сигурно е од нешто опасно болен/на“ или „гнида наркоманска, на човек не личи, сигурно е хероинаш, слушај ме ти мене, јас таквите ги познавам одма, ехеееее“, пошто пу-пу да си решил/а да се храниш поздраво. :D

Ама пак за нијанса ми се појезиви овие „на мене и водата се лепи“. Имаше едно видео од една жена од некои 300 кг. кај Др. Фил, па мене ми се заврте што таа јаде за еден ден. Толку за две недели не можам да изедам.
Па сестра ѝ уште вика подобро се хранела оваа од 300 кг. од неа. :frantic
Enablers се убедливо најгадниот тип луѓе и заслужуваат посебен круг во пеколот.


Никогаш не ми се јасни таквите и вистинските мотиви кои ги имаат, ете оваа и е сестра и уште ја мотивира да ждере а 30К калории дневно тоа се 12 просечни луѓе :frantic друго чудно каде доаѓаат до средства за толку храна, оваа и купувала и храна ццц.....2 strawberries :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Штотуку завршив со гледање на едно треш бугарско шоу Мис Плус Сајз, каде имаше 7-8 жени од различни возрасти, кои со килажата варираа од 10ина до 50ина килограми вишок и не знам ни сама зошто го изгледав.
Повеќе беше ко рекламирање на одредени брендови и личности отколку запознавање и покажување на личниот стил на женските. Две буквално 80% од сезоната ја пројдоа облечени во едно исто.
Океј тоа, имаше и две преубави полнички девојки, но смешното беше што као им пропагираат убавина, а првиот подарок што им го дадоа беше чај за слабеење и потоа ги носеа во теретана. :D :D
На крај ги зафркнал ковидот, па мораа да се разотидат по дома, а јас ќе мора да барам која победила и на кој основ.
Во овој случај, самата емисија беше навистина токсична и со збунувачка (да не речам без) порака, ама па и јас барам премогу од треш шоу...
 
  • Wow
Реакции: Sensitive