Овие со депласман се мерат, стандард вага ќе цркне на 150кг
![Frantic :frantic :frantic](/images/styles/pack1/frantic.gif)
или сточна вага или во базен ги ставаат па колку ќе истисне вода толку тежат
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
ама важно да ги прифатиме треба, кои сме ние да судиме...11 години во кревет заковани со 800 фунти (363 кг) и не можат да стојат на свои нозе пошто зглобови не се предвидени да крепат 363 кг.
Важно наоѓаат сопруги, проклета је Америкаааа и злато што сјааааа нешто сериозно е сјебано во такво општество.
Да, често ја гледам емисијава, искрено, т.е. постојано ја следев дури имаше TLC од кабловскава (ја укинаа за да стават глупости) и некои приказни беа фасцинантно инспиративни. Губат по 300 килограми ко од шала со правата диета, операција и добар психолог. Други.... и не баш.
Во емисијава имаат посебна вага во клиниката во Хјустон, а кога се мерат сами, да, ги мерат на ваги за добиток.
Скелетот нели чинам ни тежи околу 10кг на женските и килограм-два повеќе кај машките. Како тој скелет да ја издржи тежината, не знам....
Жално е што кај можеби 90% од луѓето во емисиите, тоа емоционално прејадување е од силување, загуба на родител или брат/сестра, некои и самите биле на раб да го изгубат животот, па секој посегнал по разни пороци.
Прекумерна храна е порок, посебно во количините во кои овие луѓе ја јадат, и мора да се третира ко таква.
Не гледам како тоа здравјето може да добро без разлика на килограмите, кога овие случаи го докажуваат спротивното.
Едно е 10, 20, па некако да дојдеш и до 30 кг вишок, друго е кога тежиш колку 7 просечни личности и она „максимална тежина: 300 кг или 4 лица“ по лифтови важи за тебе еден.
Имаше на едно клипче девојка што се расплака пошто не ја собираше во кола и падна од 50ина цм височина т.е. од седиште на земја, а се повреди ко од 3-4 метри височина да скокнала, па плачеше од повредата, па го обвинуваше дечко ѝ што се здебелила уште пошто тој бил слаб и јадел што сака...
Не може никој да ме разубеди дека не им треба помош и дека прејадувањето ги прави среќни.