Body positivity или глума? И дали е тоа воопшто наша работа?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Инаку постои теорија/слоган HAES (Health At Every Size) кај морбидно дебели особи и значењето, секако, му е дека човек може да е здрав без разлика на тежината која ја има.
Не знам како, но ете. Америка (претежно се таму) е пречудно место, далеку веќе од ветената земја.
Ко одговор на тоа, ми никна видеово во сугестии.
Здрави, пресреќни лица...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Овие со депласман се мерат, стандард вага ќе цркне на 150кг :franticили сточна вага или во базен ги ставаат па колку ќе истисне вода толку тежат :D ама важно да ги прифатиме треба, кои сме ние да судиме...11 години во кревет заковани со 800 фунти (363 кг) и не можат да стојат на свои нозе пошто зглобови не се предвидени да крепат 363 кг.
Важно наоѓаат сопруги, проклета је Америкаааа и злато што сјааааа нешто сериозно е сјебано во такво општество.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Овие со депласман се мерат, стандард вага ќе цркне на 150кг :franticили сточна вага или во базен ги ставаат па колку ќе истисне вода толку тежат :D ама важно да ги прифатиме треба, кои сме ние да судиме...11 години во кревет заковани со 800 фунти (363 кг) и не можат да стојат на свои нозе пошто зглобови не се предвидени да крепат 363 кг.
Важно наоѓаат сопруги, проклета је Америкаааа и злато што сјааааа нешто сериозно е сјебано во такво општество.
Да, често ја гледам емисијава, искрено, т.е. постојано ја следев дури имаше TLC од кабловскава (ја укинаа за да стават глупости) и некои приказни беа фасцинантно инспиративни. Губат по 300 килограми ко од шала со правата диета, операција и добар психолог. Други.... и не баш.
Во емисијава имаат посебна вага во клиниката во Хјустон, а кога се мерат сами, да, ги мерат на ваги за добиток.
Скелетот нели чинам ни тежи околу 10кг на женските и килограм-два повеќе кај машките. Како тој скелет да ја издржи тежината, не знам....
Жално е што кај можеби 90% од луѓето во емисиите, тоа емоционално прејадување е од силување, загуба на родител или брат/сестра, некои и самите биле на раб да го изгубат животот, па секој посегнал по разни пороци.
Прекумерна храна е порок, посебно во количините во кои овие луѓе ја јадат, и мора да се третира ко таква.
Не гледам како тоа здравјето може да добро без разлика на килограмите, кога овие случаи го докажуваат спротивното.
Едно е 10, 20, па некако да дојдеш и до 30 кг вишок, друго е кога тежиш колку 7 просечни личности и она „максимална тежина: 300 кг или 4 лица“ по лифтови важи за тебе еден.
Имаше на едно клипче девојка што се расплака пошто не ја собираше во кола и падна од 50ина цм височина т.е. од седиште на земја, а се повреди ко од 3-4 метри височина да скокнала, па плачеше од повредата, па го обвинуваше дечко ѝ што се здебелила уште пошто тој бил слаб и јадел што сака...
Не може никој да ме разубеди дека не им треба помош и дека прејадувањето ги прави среќни.
 
Мислам дека на таа ТЛЦ еднаш видов реклама за емисија 1000 pound sisters :D што е 454 кг само не ми беше јасно дал двете сестри заедно тежат толку или двете по толку, што и не е најдобра дилема.

Не разбирам како таквите имаат партнери, некој глич во матриксот мора да е, тоа да ги видиш таквите лица е гадно, не пак нешто интимно со нив, ужаси...дали се мазохисти или нешто слично, језиво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Мислам дека на таа ТЛЦ еднаш видов реклама за емисија 1000 pound sisters :D што е 454 кг само не ми беше јасно дал двете сестри заедно тежат толку или двете по толку, што и не е најдобра дилема.

Не разбирам како таквите имаат партнери, некој глич во матриксот мора да е, тоа да ги видиш таквите лица е гадно, не пак нешто интимно со нив, ужаси...дали се мазохисти или нешто слично, језиво.
Тие се најпознати моментално хаха. Многу се смешни вака, имаат некоја интересна енергија. Целото семејство се со прекумерна тежина, но сестриве и братот посебно. Братот и помалата сестра намалија доста тежина, сестрата дури и дете роди (иако е уште доста дебела), а постарата постојано се здебелува наместо да слабее и сите други ѝ се криви за тоа, освен таа самата. Има „дечко“ што е 20ина години постар од неа и очигледно има фетиш на дебели жени пошто дома има болна, дебела жена пред умирање, а тој дошол во емисијава да ја извара пред сите. (wasntme)
Ептен се шитшоу и бескорисни, ама обожавам треш ТВ, што да правам. :D

Инаку двете тежеа вкупно околу 450кг, ама сега послабата е некаде 120, другава над 300...
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Стварно мора да се направи разлика меѓу плус-сајз и морбидна дебелина и да прекинеме да се преправаме дека тоа е секси (што треба да е најмалку загрижувачки дали некому му е или не) и здраво.
Штом накачам 3-4 кг од нормалната тежина, секогаш имам почести палпитации, па дури и модринки по нозе од што го чешам целулитот после носење цевка фармерки.
Точно, не се сите јас, па да го имаат истото искуство, но затоа сите што биле као body positive, па ослабеле, признале дека тогаш не се осеќале добро и здраво во своја кожа и тоа било само фарса.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider