17то Светско првенство во кошарка - Шпанија 2014

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласале
    5
  • Poll closed .

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Како па ти се најде навредена затоа што рекол дека србите се гаден народ? Негово мислење. Ако имаш некое српско потекло не потенцираше дека твоите се гадови.

Он-топик: Франција медалче земаа битно.
Ивини ама генерализираше. '
'Значи маќедонциве се најгаден народ,по поган и завидлив нема од нив.'' ( и сеа ти се пронаоѓаш во оваа навреда или баш ти годи кога слушаш навреди за твојот народ!?)
Не битно, не би да се објаснувам понатака тоа што имав кажав.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ивини ама генерализираше. '
'Значи маќедонциве се најгаден народ,по поган и завидлив нема од нив.'' ( и сеа ти се пронаоѓаш во оваа навреда или баш ти годи кога слушаш навреди за твојот народ!?)
Не битно, не би да се објаснувам понатака тоа што имав кажав.
Не ме засега воопшто што некој мислел за македонците, србите или за тибеќаните уште помалку па дека ќе се навредам од тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
told you so :cool:

37 разлика во финале со некаков трет состав на САД и нивни meh пристап кон игра е доволен показател за дното во кое се наоѓа еуро кошарката.
Како некој сом кој 30 години лежи на дното на мочуриште, ждере и се дебели така и еуро кошарката се гуши во апсурд. Можеби падот е глобален феномен но факт е дека истите сурати седат по клупи и ги вртат истите шеми долго време. Оној литванскиот селектор 256 години е на клупа, па Ивковиќ до лани, Тањевиќ, Мањано, Бауман со Финска :zelen не ги оставаат луѓето да се пензионираат на раат...
Моментот кога Ѓорѓевич свика тајм аут после кој почнаа да играат зона беше врв, од 25 разликата нагло отиде на 40 :roflмакар да и човек на човек беше џабе, и физички и технички се појаки америте.
Фудбалски еквивалент би било игра на офсајд замки со 4 спори штопери во линија ако противникот има брзи напаѓачи.

Нема ни играчи на повидок освен неколку исклучоци а и тие се одамна драфтувани или веќе се преку барата, како оној Валанчунас на пример.
Србија направи сензација, сосема просечна екипа која влезе во втор круг благодарејќи на бизарниот систем на натпреварување - влезе во форма и дојде до финале. Таму можеше да биде и вториот состав на Франција (и нивниот медал со оглед на околностите е изненадување) па и Литванија која стандардно се мота околу подиум а која ради системот на ФИБА налета на САД во 1/2 ф. Бразил се усра кога беше најважно, Шпанија се избламира, Аргентинците стари и уморни за поголеми искушенија...:(

Можеше во финале да биде и Словенија. Или Австралија. А на наредното и ќе има некој таков финалист.
Како и на ова првенство, 23 екипи ќе се борат за честа да бидат понижени во финале против САД. (think)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ете доказ дека србите имаа среќа во претходните утакмици. Да играше Франција во финале верувам дека поинтересно ќе беше за гледање, или Шпанија.
САД не може никој да ги победи, што сакаат нека им играат и тоа што америве дојдоа со таму некојси играчи кои се далеку од најдобри во нба. :)

Глупо светсково испадна, неколку интересни и неизвесни утакмици ама не е тоа тоа. Олимпијада најубаво, барем вистински ѕвезди ќе гледаме а не срби и греачи на клупа во нба.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Најмногу среќа имаа србите поради системот на такмичење, каде резултатите од првиот круг беа небитни освен барем 2 победи со кои се одеше во 1/8 ф. А србија се намачи со Иран... кога веќе влегоа во нокаут фаза одиграа добро. Еднаш во 1/8 ф. освен САД и донекаде Шпанија, останатите парови беа изедначени до крај, така да немаше врска дали Литванија била прва а Нов Зеланд четврти, еден меч, се е можно.

Поентата е дека ФИБА го наградува фејлот, неуспехот. Не може екипа со негативен биланс да стартува во директен нокаут против екипа која има 100%.
Така Грција ги тепа сите во група (5-0) , имаше еден слаб ден и загуби од екипа која имаше 2-3. Што е смешно. Кошарката не е фудбал, се игра 40 минути на теренче од 30X20м со одмор меѓу четвртини и полувреме, со по 7-8 тајмаути, се прекинува време за секој фаул, слободни, и каде секој играч се одмара на клупа бидејќи цел ростер е во игра.
Затоа треба и во втор круг да се игра по групен систем каде ќе се префлрат резултатите од прв круг и каде нема еден слаб ден или еден јак ден да решава све.
Вака сите калкулираа за да ги избегнат САД и Шпанија што е срање.
Гледав на вики за претходното светско, мислам дека Кина со биланс 1-4 се провлекла во 1/8 ф. :rofl
Па кој qwr онда воопшто се формираат групи, нека стават 32 екипи директ во нокаут форма и тоа е тоа.

И системов со квалификации им е дебилен до даска. Пак сакаат да копираат ФИФА ама не оди.
Можат да направат дивизии, да укинат квалификации и конечно да добијат на квалитет екипите со тоа што ќе можат да ги соберат најдобрите состави, играчи на кои не им доаѓа на памет да дојдат за квалификации, посебно од НБА. Значи ЕП би се играло на две години А дивизија (24 тима), ЕП од Б дивизија (24) исто на две години со домаќин и сето тоа и Ц дивизија (останатото, гибралтари и сан марина). Последните 3 од А би испаѓале во Б, а првите 3 од Б би влегувале во А etc. Така и оние од Б би можеле да ги соберат најдобрите играчи.

А со новиве `реформи` кои ги најавија и квалификации како во фудбал за наредното СП ќе има групи во кои Литванија ќе игра со Албанија и Андора и резултати 146-37. А САД ќе тепа со 150-61 во финале.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and existence