Колку само беа потценети Французите пред утакмкцава. Џабе беше и тоа што судиите беа на страна на Шпанија, јас за Шпанија бев и сакав да победат ама не со судиска помош.
Имаа направено супер тим, според мене само Шпанија ќе можеше да им се спротистави на САД. Сега тие играчи ќе ги нема, убаво ќе беше барем со злато да се простат од репрезентација ама ете. Во иднина нема да се плашат толку од Шпанија, па можеби ќе видиме некое изненадување на европското.
Франција вчера без неколку добри играчи им одржа лекција, браво. Диао мајсториште, тројки, влезови, одбрана, сам ги победи Шпанците. Па уствари затоа и победи Франција, заради одбраната која ја играа и не им оставија ни малце простор на Шпанците, ги натераа да шутираат тројки од секаде, 2/20 мислам дека шутираа за тројка. Тоа се случува само кога ќе го потцениш противникот, истото се случи и во финалето на европското.
Не знам дали ќе може Франција да им се спротистави на Американците ама ќе видиме. На САД не им одговара европскава кошарка и правила, ама кога сакаат да играат, победуваат, јас се надевам на изненадување.
Србите не можам да ги поднесам, се надевам ќе си го добијат од французите.