Ако не освои Шпанија сега никогаш нема да освои. Денес им тргна шутот и се што шутнаа погодија ама не верувам дека ќе имаат лош ден до крајот на светсково. 54% шут за 2 поена и 45% за 3 имаа вечерва, да ги подобрат малце процентиве и нема да имаат проблеми за титулата. Добро е и тоа што на сите позиции имаат барем по 2ца супер играчи, на плеј се покриени, на 2ка и 3ка исто така имаат супер играчи и шутери (видовме прееска Наваро лудакот и Руди што правеа), на центарските позиции да не зборувам, Гасол браќата и Ибака се доволни само. Срамота ќе биде ако не освојат сега, и плус тоа што дрим тимот го нема а повеќето од НБА ѕвездите во САД не се навикнати на европска кошарка. Американците лесно може да ги победи секој што ќе ги спушти под 80-90 поени, Шпанија мислам дека ќе го направи тоа.
Да ги спушти под 90? Можно е, ама треба да даде над 90 за да победи