Најмногу среќа имаа србите поради системот на такмичење, каде резултатите од првиот круг беа небитни освен барем 2 победи со кои се одеше во 1/8 ф. А србија се намачи со Иран... кога веќе влегоа во нокаут фаза одиграа добро. Еднаш во 1/8 ф. освен САД и донекаде Шпанија, останатите парови беа изедначени до крај, така да немаше врска дали Литванија била прва а Нов Зеланд четврти, еден меч, се е можно.
Поентата е дека ФИБА го наградува фејлот, неуспехот. Не може екипа со негативен биланс да стартува во директен нокаут против екипа која има 100%.
Така Грција ги тепа сите во група (5-0) , имаше еден слаб ден и загуби од екипа која имаше 2-3. Што е смешно. Кошарката не е фудбал, се игра 40 минути на теренче од 30X20м со одмор меѓу четвртини и полувреме, со по 7-8 тајмаути, се прекинува време за секој фаул, слободни, и каде секој играч се одмара на клупа бидејќи цел ростер е во игра.
Затоа треба и во втор круг да се игра по групен систем каде ќе се префлрат резултатите од прв круг и каде нема еден слаб ден или еден јак ден да решава све.
Вака сите калкулираа за да ги избегнат САД и Шпанија што е срање.
Гледав на вики за претходното светско, мислам дека Кина со биланс 1-4 се провлекла во 1/8 ф.
Па кој qwr онда воопшто се формираат групи, нека стават 32 екипи директ во нокаут форма и тоа е тоа.
И системов со квалификации им е дебилен до даска. Пак сакаат да копираат ФИФА ама не оди.
Можат да направат дивизии, да укинат квалификации и конечно да добијат на квалитет екипите со тоа што ќе можат да ги соберат најдобрите состави, играчи на кои не им доаѓа на памет да дојдат за квалификации, посебно од НБА. Значи ЕП би се играло на две години А дивизија (24 тима), ЕП од Б дивизија (24) исто на две години со домаќин и сето тоа и Ц дивизија (останатото, гибралтари и сан марина). Последните 3 од А би испаѓале во Б, а првите 3 од Б би влегувале во А etc. Така и оние од Б би можеле да ги соберат најдобрите играчи.
А со новиве `реформи` кои ги најавија и квалификации како во фудбал за наредното СП ќе има групи во кои Литванија ќе игра со Албанија и Андора и резултати 146-37. А САД ќе тепа со 150-61 во финале.