Де бе па ти па нов е не му замерувајте, а добра би била темава доколку се развие дискусија.На прво место ми е воведов во темава :/ За тоа што авторот уствари сака да покаже со темава.
Прекрасен вовед.
Во Македонија со љубовта можеш само да се сликаш.Ако си за пари со некој/а на парите им доаѓа крајот кога тогаш, но да си со љубов со некој/а од лично искуство со љубов се прават пари, и доаѓа до тоа да ги имаш и двете работи.
добро де само поставив прашање не гледам ништо лошо во тоаНа прво место ми е воведов во темава :/ За тоа што авторот уствари сака да покаже со темава.
Прекрасен вовед.
Нема ништо лошо, но понекогаш наоѓаме маани пошто овде ги имаме отворено најдлабоките теми што ги промениле животите на форумџиите кои прочитале, па за да ти биде сфатена темата сериозно и да буде удостоена со нашите длабоко-филозофски одговори, треба да напишеш што е љубов, а што се пари (по можност и со слика), да дадеш свое гледиште, да кажеш молитва, по некоја мисла од Гугл за љубовта и парите, па да поставиш минимум четири прашања, пошто вака нашата суперфицијална интелигенција е програмирана само со презир да погледне на пишаното.добро де само поставив прашање не гледам ништо лошо во тоа
Нема ништо лошо, но понекогаш наоѓаме маани пошто овде ги имаме отворено најдлабоките теми што ги промениле животите на форумџиите кои прочитале, па за да ти биде сфатена темата сериозно и да буде удостоена со нашите длабоко-филозофски одговори, треба да напишеш што е љубов, а што се пари (по можност и со слика), да дадеш свое гледиште, да кажеш молитва, по некоја мисла од Гугл за љубовта и парите, па да поставиш минимум четири прашања, пошто вака нашата суперфицијална интелигенција е програмирана само со презир да погледне на пишаното.
Нејсе, може е лигаво клише, но сиромав е оној кому парите му се на прво место.
Е сега, и двете да ги имаш, тогаш може ќе е комплетна среќата. Но и не мора.
После од кај 20 -30 кога ни се полни егото со нешто што мислиме дека сме станале, сме создале, титули некои што сме ги добиле( дипломи, работни функции и сл) тогаш се почнува со прибирање, да, сакаш љубов ама сакаш да има и кола, да сакаш љубов ама не е лошо да има викендичка на Шапка за викенд, сакаш љубов но сакаш и да излегувате по поелитни места....сакаш да има работа со солидна плата за да ти купи сваровски за роденден, нормално и да има љубов.
Е после 30 години се свеснува човекот и си вика животов е нешто повеќе од сваровски и викенд во солун. Тогаш се сфаќа дека доволно е да имаш прегратка од искрена личност покрај која чувствуваш дека можеш да го освоиш светот. Тешко за тие што никогаш тоа нема да го сфатат....И точно, ќе си бидат среќни со материјалната благосостојба бидејќи греота поинаква и нема да знаат и познаваат. Па размислете кој ќе биде посиромашен на крајот.
Зборував од женски аспект, зошто доста такви муабети имам слушнато и косата ми се кренала од толку многу “искрени“ љубови.
Истото е и од другата страна, машката. Кое машко ќе погледне прво во она девојче кое носи фармерки од пред неколку сезони, со патики адибас, и обетки од пластика?? Кога таму некаде карши неа стои дотерана тип топ старлета што си прави селфи со набузените усни?? Па машки сега се најголеми озборувачи...од глава до пети гледаат и скенираат. Ужас.
Било је некад, сад је све у аут
П.С. Не е ова генерално, не се сите исти, но се повеќе се и сме такви....за жал, и ме плаши.
Огорчената денешна јас...
Да бе ...ко Роберт Редфорд во Непристоен предлог...Не знам како во реалноста би се створила таква ситуација, може да подобјасниш?
Пример има некој лик 100К евра онака во некое ќоше стојат за ситни трошоци..... и досадно му е па тргнува да бара погоден пар кој ќе биде искушуван со парите или?!
Де бе па ти па нов е не му замерувајте, а добра би била темава доколку се развие дискусија.
Во Македонија со љубовта можеш само да се сликаш.
Јас не би избрала ниту пари ниту љубов. Од тие две нешта можеш само животот да си го уништиш