100.000 евра или љубов?

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ако сум заљубена во партнерот, а тој не, веднаш бирам пари од практична причина за да не го гледам и повеќе се заљубувам.
Ако сме двајцата заљубени ,чекам да му помине(зашто многу брзо поминува)и пак земам пари.
А, пари ли се 100000 еу? Секој би ги дал за да најде тоа што ќе му го исполни срцето и животот, и кредит би плаќал...
Но , кај има да се купи?:)
За се што може да се купи за пари-лесно е, но многу е тешко да се добие тоа што со пари не се купува.....
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
АКо сум заљубена, парите последни напамет ќе ми паднат :)
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Уффф тешка тема... Еве да и зеам парите и ако не најдам друг, на стари години сама да си останам? Ни маж, ни дете, ни бутур? А да останам со типот и леб да неаме да јадиме? Шо ке ни е љубов со празен стомак? А да и земам да отворам некоа фирма и фирмата пропадне и после ни маж ни љубов? А да видам прво типот дали е склон кон трошење или кон печалење? Ако е спремен да придонесува за константно подобруење на состојбата онда го бирам типот ако не шо ке ми е, ке си и зеам парите.Па сеа боље нешто него ништо.
 

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Зависи од многу работи. Пример, колку сум сиромав. Да љубов и све тоа ама ако сте и двајцата утепани сиромашни не верувам дека љубовта ќе успее да преживее и покрај беспарицата кога ќе дојдат поголемите трошоци, стан, деца итн...

А од друга страна општо познато е дека женскиве ги сакаат машките со пари... така да... :D

Се зезам.

Поентава е, од љубов не се живее. Парите наоѓаат начин да застанат помеѓу заљубените.
Народот наш кажал: Среќата со пари не се купува, љубовта без мерак век не векува. Ама ни без пари ништо не правиш. Така да до балансот е.
 

Neverna Mala

Староседелец
21 ноември 2013
123
79
1,038
34
Без размислување би одбрала 100 000 бидејки со тие пари би си го решила егзистенцијалното прашање за цел живот, би живеела како вистинска дама. А за љубов лесна работа, со толку пари би можела да го имам скоро секој маж. Додека без пари и била никој и ништо и финансиски зависна од друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Frojda

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Без размислување би одбрала 100 000 бидејки со тие пари би си го решила егзистенцијалното прашање за цел живот, би живеела како вистинска дама. А за љубов лесна работа, со толку пари би можела да го имам скоро секој маж. Додека без пари и била никој и ништо и финансиски зависна од друг.

Стварно?Значи потребни се пари за да бидеш дама (не сум знаела).
И незначи дека ако можеш да го имаш секој маж,ќе имаш и љубов.
Шта речи...:nah
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
На прво место ми е воведов во темава :/ За тоа што авторот уствари сака да покаже со темава.
Прекрасен вовед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: "zoki" and Outrider