Што не ви се допаѓа кај филмовите?

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Кога се мешаат од акција во комедија бе,од хорор се прегрла во некој страшен психолошки ..мразам ка машките на филм прават работи шо во реалноста ретко се случуваат..исто и жените:srekenИ најмногу ме нервира кога немаат крај..Сеа чекам ја да се разврзе прикаскава на крај..и тап завршува филмот:mad
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Мразам кога прават ужасни продолженија од одлични филмови.

Мразам кога филмовите се многу предвидливи. Сега ретко кога ќе се случи нешто и ќе помислам "Ова не го очекував" затоа што има филмови за сешто и со сешто. Треба филмот да биде одлично направен со одлични глумци за да не обрнуваат гледачите толку внимание на предвидливите сцени.

Ги мразам повеќето комедии последниве неколку години. Многу се лоши, многу се прости, немаат никаква длабочина во приказната. Само затоа што е комедија не мора да значи дека треба да има лоша приказна и лоша смисла за хумор.

Ме нервира што сеуште ги вметнуваат во филмови ликовите од типот на "убавата девојка што ќе се спаси", "љубопитниот лик што оди во подрумот иако му викаат да не оди - па умира" и сличните. Главно во хорор филмовите, ама ги има и во други жанрови.

Ме нервира што намерно прават лоши филмови, ама ајде ќе ги натрупаат внатре најпознатите личности па ајде сега се прифаќа! Пример за ова се Valentine's Day или New Year's Eve.

И ме нервира кога дијалогот едвај го слушам, ама во ред е - зашто експлозијата во позадина ми ги умира ушите.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Кај некои филмови не ми се допаѓа што низ цел филм главните ликови се среќни здрави живеат заедно и баш на крајот мора да се разделат или да умре еден од нив па да го зафркне цел филм :)
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
мразам амерички хепи ендој. (пр. брус вилис да го спаси светот од чак норис)
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Happy end на прво место! Потоа: користење исти излитени фрази, лоша режија, сцени за џабе (во Drive имаше такви), ме нервира и стара снимка(сакам стари филмови, но снимката ми ги замара очите), синхронизација исто, американска преработка на филмови од неамериканско потекло, филмови според книга или вистински настани каде е комплетно извртена вистинската приказна и така натаму.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Насловот е сменет во не ми се допаѓа, зашто како што рече мелпомена не можеш филм да мразиш, само режисерот кој го снимил тој филм. :D
Сега малку он топик. Не ми се допаѓа синхронизација на филмовите (посебно ме нервира бугарската - кога на секој 2 филм и лепат некој глупи гласови и тоа 2 типа го синхронизираат целиот филм.)
Ме нервира кога гледам некој филм и таман нешто интересно почнува, доаѓа некој и почнува да ми поставува прашања во врска со или надвор од филмот. :mad
Не ми се допаѓаат тс или кам снимките.
Не ми се допаѓаат што се изгуби смислата на комедијата.
Исто не ми се допаѓа кога се прават по десетина делови од еден филм. (пр. Рамбо ми беше добар до 3-тиот дел, четвртиот веќе ја изгуби смислата, а и Сталоне не е тој што бил пред 20 години, а сега па и 5 дел ќе снимале. :mad:)
Me нервира кога приказната не е завршена и ти пишат на крај To be Continued, и чекаш година/две за продолжението.
Ме нервира кога приказната не е разработена добро и филмот заврши, а крајот не е јасен...
 

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Кај филмовите општо земено не ми се допаѓаат сајнс фикшн сцените кај што се емитуваат нереални нешта, нешта што неможе никогаш да се реализираат и остварат колку и да напредува технологијата.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Што не ми се допага?
Ма има да набројувам со денови и со денови |-(
Значи ми се смачија тие хепи ендој во некои романтични филмови како на пример: Цело време разделени,се вмешшува трета личност ама на крај тие ја победуваат зошто љубовта е над се и на крај : And they lived happily ever after.Во реалниот живот секогаш не е така.
Не ми се допага во тинејџерските улоги што секогаш некое невино девојче на крај мора да излезе како победник и ја победува најаката п***а у школо :banghead
Како што кажаа погоре веке:Типот од спасување на светот од вонземјани,комети бла бла.
Синхронизација.

Сега за сега тоа ке го кажам,следен пат повеке.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Хепи енд, посебно на љубовни/романтични филмови. (puke) Кога ќе почнат да се лигават сите на крај, го прескокнувам тој дел и одам директно на завршната сцена.
Исто и лоша глума, ама зависи до кој степен е. Има некои филмови кај што глумата не е баш на ниво, ама сепак може некако да се гледа филмот. Ама некои ептен неподносливи се.