Мислам дека полесно е да се одговори што
НЕ недостига.
Не гледам ТВ сигурно добри 7-8 години, ретко знам да уклучам телевизор на кратко, ама не ни треба повеќе за да знам дека луѓето се презаситени од турски серии и политички емисии, како и вести - на некои програми на секој саат. Ах да, и емисии снимани во Србија како Мењам жену, Брак на невиџено и Папарацо лов. (За последниве знам од мајка ми

)
Па кај се забавно-едукативните емисии за деца, квизови, музика? Кај се емисиите од типот Говорете македонски? Повеќе од очигледно е дека нашиот јазик го забораваме. Не постои ниту една телевизиска програма на која новинарите говорат точно литературно, а за грешки во текстовите што течат долу на екранот (не ми текнува точниот назив) да не правиме муабет.
Жално.