Што научивте од вашите родители?

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
научив многу
од мајка ми научив што значи да бидеш човек
од татко ми, за жал научив што значи да не бидеш човек
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and MoonFairy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Многу работи кои ми послужиле во животот.
 

Davidovic

Активен Член
17 февруари 2012
167
62
28
34
- Мајка ми ме научи на религија.
"Моли се на бога тоа да излезе од тепихот."

- Мајка ми ме научи за основите на логиката.
"Затоа што јас така реков, ете зошто."

- Мајка ми ме научи за правилата на осмозата.
"Затворија устата и јади ја супата."

- Мајка ми ме научи за важноста на издржливоста.
"Има да седиш тука додека не го изедеш целиот спанаќ."

- Мајка ми ме научи за кругот на животот.
"Јас те донесов на овој свет, јас можам и да те извадам од него."

- Мајка ми ме научи за зависта.
"Има милиони помалку среќни деца на светов, кои немаат родители како ти."

- Мајка ми ме научи за медицината и функционирањето на човековото тело.
"Ако не престанеш да ги вртиш очите, ќе ти останат такви."

- Мајка ми ме научи за генетиката.
"Ист си како татко ти."

- Мајка ми ме научи за моето потекло.
"Затвори ја вратата. Не си роден во штала!"

- Мајка ми ме научи за мудроста.
"Кога ќе бидеш на мои години, ќе разбереш."

- Мајка ми ме научи како функционира правдата.
"Еден ден и ти ќе имаш деца, и се надевам дека ќе излезат исти како тебе."
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,635
113
Македонија
Па пред се да сум поштен, искрен и тн :)..иам многу фини родители али ја не сум баш на нив :rofl
 

Faith

Истакнат Член
19 февруари 2012
46
65
318
Skopje
Научив чесно да чекорам низ животот, за мирно да спијам. Научив и дека треба да дадеш за да земеш. Научив дека никој на светот нема да направи се за тебе и да те сака безусловно како мама и тато. И на крај....научив да му ги покажам забите на секој проблем и да му покажам кој е главен. :cool: