Што научивте од вашите родители?

Davidovic

Активен Член
17 февруари 2012
167
62
28
36
- Мајка ми ме научи на религија.
"Моли се на бога тоа да излезе од тепихот."

- Мајка ми ме научи за основите на логиката.
"Затоа што јас така реков, ете зошто."

- Мајка ми ме научи за правилата на осмозата.
"Затворија устата и јади ја супата."

- Мајка ми ме научи за важноста на издржливоста.
"Има да седиш тука додека не го изедеш целиот спанаќ."

- Мајка ми ме научи за кругот на животот.
"Јас те донесов на овој свет, јас можам и да те извадам од него."

- Мајка ми ме научи за зависта.
"Има милиони помалку среќни деца на светов, кои немаат родители како ти."

- Мајка ми ме научи за медицината и функционирањето на човековото тело.
"Ако не престанеш да ги вртиш очите, ќе ти останат такви."

- Мајка ми ме научи за генетиката.
"Ист си како татко ти."

- Мајка ми ме научи за моето потекло.
"Затвори ја вратата. Не си роден во штала!"

- Мајка ми ме научи за мудроста.
"Кога ќе бидеш на мои години, ќе разбереш."

- Мајка ми ме научи како функционира правдата.
"Еден ден и ти ќе имаш деца, и се надевам дека ќе излезат исти како тебе."
 

Faith

Истакнат Член
19 февруари 2012
46
65
318
Skopje
Научив чесно да чекорам низ животот, за мирно да спијам. Научив и дека треба да дадеш за да земеш. Научив дека никој на светот нема да направи се за тебе и да те сака безусловно како мама и тато. И на крај....научив да му ги покажам забите на секој проблем и да му покажам кој е главен. :cool: